Системот за електронски здравствени картички не функционира и ќе се укинува, а граѓаните ќе имаат унифицирана можност за ваква идентификација користејќи ја технологијата, истакна министерот Дамјан Манчевски на јавната трибина за дигитализација во Тетово.
Исто така се очекува и електронска координација на институциите со цел да не се земаат два пати исти податоци од граѓаните.
Технологија е отидена напред за да има легален и сигурен начин преку мобилни уреди да се чуваат податоци, за да нема посебни пластики за лични карти или здравствена легитимација.
Одиме на интеграција на документи. Преку мобилни уреди тоа е можно само треба да се адаптира системот.
Сметам дека ќе станеме и водечка земја во Европа, рече Манчевски.
Од постоечките 1500 услуги, 800 се веќе достапни на услуги.гов.мк. Остатокот се очекува да се додадат во наредните месеци.
Сакаме да стасаме до идеална состојба, сите институции да се приклучат кон Централен регистар на население (ЦРН), а тоа ќе трае одреден временски период и ќе треба да ги изменат процесите.
Пример со ЦРН нема потреба повеќе да се бара извод на матична книга на родени од ниедна институција затоа што по автоматизам може институцијата што бара да ги добие од ЦРН.
Таму на секои 12 часа се синхронизираат податоци на сите институциите и тие се униформни и немаме различни информации, рече Манчевски.
И приватните компании, како банките и осигутелните компании ќе имаат можност да добиваат дигитални податоци со цел олеснување на административните работи.