Манчевски: МИОА е пред сериозен процес на реформа на јавната администрација

Од:

Во првите 100 дена Министерството за информатичко општество и администрација се соочи со огромни проблеми во делот на јавната администрација која во последните 10 години стана сервис за вработување партиски кадри поради што се претвори во неефикасна и нестручна, рече министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски на денешната прес-конференција во Владата.

Нагласи дека пред Министерството стои сериозен процес на реформи на јавната администрација базиран на нова стратегија. Во првите 100 дена, како што кажа, Министерството имплементирало и прифатило сите забелешки од СИГМА, успеало да го врати дијалогот со ЕУ за реформа на јавната администрација што бил во прекин од 2015 година, вовело флексибилно работно време и двосменско работно време за службите што издаваат лиценци, дозволи и слично.

– Покрај тоа предложени се и измени на Законот за административни служби кои предвидуваат вработените од пониски позиции да можат да имаат скок за три нивоа наместо едно, рече Манчевски.

Нагласи дека се работи на анализа на регистарот на вработени во јавната администрација и додаде дека до крајот на годинава ќе се знае точниот број на вработени. За тоа ќе се прави функционална анализа на јавната администрација со цел нејзина реорганизација.

Во првите 100 дена Министерството, како што кажа, се соочило со големи проблеми во ИТ секторот – започнати проекти и оставени со поминато време за имплементација, со нефункционална опрема, купена но не монтирана опрема…

Потсети дека е укината радиодифузната такса за граѓаните и оти се спроведени јавни дебати за подобрување на функционирањето на АВМУ.

Прашан дали средствата од 2,5 милиони евра што му беа дадени на Министерството со ребалансот ќе се користат за финансирање на Македонската радио телевизија, Манчевски рече дека овие средства се наменети за проектите што треба да ги реализира Министерството и додаде дека од 2018 година ќе започне финансирањето на МРТВ, АВМУ и МРД.

– Овие три јавни институции ќе добиваат повеќе средства од што имаат сега и средствата ќе се исплаќаат по автоматизам и нема да имаат влијание од никого, рече Манчевски.

За одложувањето на примената на барањето за доставување сертификат за познавање странски јазик од јавната администрација, рече дека е направено со цел да се создадат капацитети кои ќе вршат проверка на знаењето на странски јазици и тоа да биде на товар на Владата, а не како досега на административците.

На прашањето што ќе се прави со 1.600-те вработени во јавната администрација кои седат дома, а земаат плата, Манчевски рече дека чекаат да завршат ограничувањата што ги имаат во Изборниот законик заради локалните избори и додаде дека веднаш по изборите административците ќе бидат распределени на работни места. Прецизира дека сите 1.600 се вработени преку Секретаријатот за спроведување на Рамковниот договор, но, како што кажа, се од мешан етнички состав.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе 40-тина амандмани за пакетот закони од МИОА, од кои 21 за Законот за административни службеници

Трајчевски: АВМУ го тужи МИОА затоа што ни исплати 80.000 евра помалку од законски предвидените

A1on

Алиу: Вработувањата не се предизборни, ќе се вработат на неопределено лица кои работеле привремено

A1on

Алиу: Конечен став за забраната на Тик-Ток по координација со правосудните, образовните и безбедносните институции

Горан Наумовски

Почнаа преговорите за решавање на проблемите на регионалните и локалните радиодифузери

А1он

МИОА: Нови алатки во процесите за дигитална трансформација на општеството

А1он