Манчевски: Конечно ќе биде решен проблемот со вработените според Рамковниот договор

Од:

Во новото министерство за политички систем не се предвидени нови вработувања, туку ќе има преземања од владиниот Секретаријат за Рамковен договор, а конечно ќе биде решен проблемот со вработените според тој договор, изјави денеска министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски.

Според Манчевски, завршени се постапките за ангажман на дел од вработените според Рамковниот допговор кои не беа распоредени на работни мести, а во најскоро време тоа ќе се направи и со другите откако завршија претседателските избори и нема законски ограничувања.

– За стотици веќе е завршена постапката, а за остатокот откако завршија претседателските избори и веќе нема ограничувања во најсокро време ќе биде завршена, така што проблемот после десет години во голем дел е решен и конечно ќе биде решен, рече Манчевски, одговарајќи на новинарски прашања во тек на конференцијата за дигитализација, во организација на МАСИТ и компанијата „Даталаб“.

Прашан кога ќе има видливи реформи во администрацијата, ресорниот министер наведе дека во делот на услугите за граѓаните дел се видливи, дел ќе стартуваат за еден до два месеца, а кај реорганизацијата на администрацијата до крајот на годинава.На најтранспарентен начин, посочи, може да се следат активностите за реформите на кои се работи.

– Го отворивме центарот „Една точка за услуги“ во Скопје, проект што ќе продолжи да се шири и во другите градови. Се работи за проблеми кои се таложеле 30 години и што првпат која било Влада се одлучува да ги решава наместо да ги става под тепих. Дел од работите се видливи, но во најголем дел нешто следува брзо, нешто до крај на годината, за нешто и по четири – пет години. Навистина се работи за тешки и обемни процеси, но важно е дека тргнавме по вистинскиот пат, ги објавуваме реално состојбите како што се, имаме извештај, сите не следат што работиме, имаме индикатори и акциски план за Стратегијата за реформа на јавната администрација, наведе министерот Манчевски.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе 40-тина амандмани за пакетот закони од МИОА, од кои 21 за Законот за административни службеници

Трајчевски: АВМУ го тужи МИОА затоа што ни исплати 80.000 евра помалку од законски предвидените

A1on

Алиу: Вработувањата не се предизборни, ќе се вработат на неопределено лица кои работеле привремено

A1on

Од јануари нема да се чека согласност од Финансии за вработување во администрација

ЕСМ: Вработуваме затоа што за три години останавме без 1190 вработени

A1on

Протест на вработените во судска администрација, поддршка добија од претседателот на Судскиот совет

Предраг Петровиќ