Манчевски и Гарет потпишаа Меморандум за проект за модернизација на јавната администрација

Од:

Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски и амбасадорот на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, Чарлс Гарет, денеска, во просториите на Министерството потпишаа Меморандум за соработка со кој започнува импелементацијата на проектот „Модернизација и трансформација на јавната администрација“.

Според амбасадорот Гарет, државната администрација која е во служба на граѓаните игра важна улога за една стабилна и силна демократија, а Британија може да го сподели своето богато искуство во оваа област.

– Рефромите често бараат тешки одлуки, дополнителни напори и пред се време. Квалитетот не се постигнува преку ноќ. Но, како државен службеник и самиот секогаш имам на ум бидејќи граѓаните ме плаќаат имам должност и обврска да им служам на најдобар можен начин, а тоа значи да носам тешки одлуки. Тоа важи за Велика Британија, исто колку што важи и за Македонија. Со добри идеи, посветеност и поличка волја заеднички може да изнајдеме начин државната служба да даде најдобра можна поддршка на своите граѓани, рече Гарет.

Министерот Манчевски нагласи дека имплементацијата на проектот ќе трае до крајот на оваа година со можност за продолжување.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе 40-тина амандмани за пакетот закони од МИОА, од кои 21 за Законот за административни службеници

Трајчевски: АВМУ го тужи МИОА затоа што ни исплати 80.000 евра помалку од законски предвидените

A1on

Алиу: Вработувањата не се предизборни, ќе се вработат на неопределено лица кои работеле привремено

A1on

Алиу: Конечен став за забраната на Тик-Ток по координација со правосудните, образовните и безбедносните институции

Горан Наумовски

Почнаа преговорите за решавање на проблемите на регионалните и локалните радиодифузери

А1он

МИОА: Нови алатки во процесите за дигитална трансформација на општеството

А1он