Манасиевски: Скандалот со водата во Гостивар е последица на децениска негрижа на локалната власт која ја предводи СДС, заедно со ДУИ и Таравари

Од:

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, денеска на прес-конференција обвини дека актуелниот случај со загадената вода во Гостивар е резултат на, како што рече, децениска негрижа на локалната власт, предводена од СДСМ, ДУИ и Арбен Таравари.

Манасиевски упати критики и до лидерот на СДСМ, Венко Филипче, оценувајќи дека денес ја критикува состојбата во здравството, иако, според него, како министер за здравство не реагирал на проблемите со квалитетот на водата.

Според ВМРО-ДПМНЕ, постојат повеќе официјални извештаи од периодот кога СДСМ беше на власт, кои укажувале на неисправност на водата за пиење во Гостивар.

Манасиевски наведе микробиолошки извештај од 11 ноември 2020 година, во кој, како што рече, поради зголемен број колиформни бактерии било наведено дека водата не треба да се користи за пиење. Тој посочи и анализи од 15 февруари и 1 март 2021 година, во кои, според него, било утврдено дека водата не ги исполнува критериумите за безбедност пропишани со правилниците.

Како дополнителни примери ги наведе извештаите од 11 јули 2022 година, 29 јуни 2023 година и 4 август 2023 година, во кои, според неговите тврдења, водата доставена од ЈП „Комуналец“ – Гостивар била оценета како неисправна поради зголемен број аеробни мезофилни бактерии и бактериски колонии.

„Ова се документи кои биле испраќани до Министерството за здравство, а никој не реагирал“, изјави Манасиевски.

Тој оцени дека проблемите со квалитетот на водата со години биле занемарувани, наместо да бидат решавани, и повтори дека актуелната состојба е последица на долгогодишна негрижа.

Манасиевски порача дека за случајот треба да има одговорност и додаде дека, според него, Венко Филипче нема кредибилитет да држи лекции за јавното здравје поради начинот на кој, како што рече, бил управуван здравствениот систем во периодот кога тој беше министер.

Би можело да ве интересира

Во Гостивар се намалува бројот на нови случаи, Мицкоски најавува наскоро исправна вода за пиење

СДСМ: Поради тендер патриотите Клековски и Мицкоски отруена е цела Македонија

Филипче: Владата повторно потфрли – препораките стигнаа кога епидемијата веќе се прошири

Филипче: За насилничкото однесување на Иван Стоилковиќ СДСМ ќе поднесе интерпелација

СДСМ: Владата веднаш да ги објави анализите за водата во Гостивар

73 пациенти вчера побарале лекарска помош во гостиварската болница

Горан Наумовски