Манасиевски: Филипче да ги покаже документите за работа со кои ја добил златната виза за Дубаи

Од:

Филипче вчера потврди дека Заев гради 42-катница во Дубаи, ама тој не му бил партнер во градбата. Со ова, Филипче треба да каже, како тогаш дошол до златна виза за Дубаи.

Во таа насока, го повикуваме Филипче да ги покаже документите за работа со кои ја добил златната виза за Дубаи.

Доколку Филипче навистина бил на работа во Дубаи, договарал работа во некоја болница или што и да има измислено за оваа лага бидејќи веќе ни тој самиот не се сеќава, нема да му биде проблем да ги покаже документите.

Но, Филипче не покажува документи – поради тоа што ги нема.

Сведоштвото на Тома Аврамски, поранешен соработник на Заев, кој рече дека ја видел 42катницата изградена од Заев, истакна и дека ги видел и становите на Филипче и Заев во Дубаи.

Венко Филипче не одговори дали има или нема стан во Дубаи и дали тоа е причината за добивање на златна виза. Инаку, да потсетиме дека за да се здобиете со златна виза, во Дубаи треба да имате минимум инвестиција од 500.000 долари.

Затоа, Филипче треба да одговори, а не да молчи, дали златната виза е поради влог во Дубаи од минимум 500.000 долари? На кој начин ги има тој заработено овие пари, бидејќи со плата од доктор и пратеник не се стигнува до таа сума?

Филипче да не се крие, порача Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Дуел на Мицкоски и Филипче на пратенички прашања

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: Балканскиот криминален октопод се руши, по Вучиќ и Орбан следен ќе биде Мицкоски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче бара утеха во пласманот од четврто место во Брвеница додека СДС ја направи партија која слави порази

„Платформа 12:05″: Изборите во Брвеница потврдија дека Филипче одработува за власта

Катерина Ѓуровски