Малолетник застрелан во тетовска Палатица

Од:

Тринаесетгодишно дете од тетовското село Палатица добило влезно-излезна рана во левата страна од грбот од истрел од пиштол. Осомничен дека пукал во него е 17-годишник од истото село, потврдија извори во тетовското јавно обвинителство.

Според досегашните податоци од истрагата, оружениот инцидент се случил во дворот од училиштето во селото вчера нешто по 16 часот.

Повреденото дете во животно загрозувачка состојба било префрлено на скопските клиники каде било приклучено на апарати. Осомничениот малолетник по околу еден час од инцидентот заедно со неговиот татко бил обезбеден од полицијата и се разговара со него.

Пронајден бил и пиштолот од кој се претпоставува дека било пукано, а според досегашните информации за пиштолот нема соодвтени документи за легално поседување. Истрагата го утврдува мотивот и се друго поврзано со овој инцидент.

По сослушување на осомничениот малолетник, поднесено е барање за поведување подготвителна постапка против него и согласно чл.117 ст.1 и 2 од Законот за правда на деца, а во врска со чл.165 ст.1 т.1 од Законот за кривична постапка, надлежниот обвинител од основното јавно обвинителство – Тетово до судијата за деца достави предлог за определување на мерка – Притвор. Судијата постапувајќи по предлогот со решение на осомничениот му определи мерка – Притвор во траење од 30 дена. ​​

Би можело да ве интересира

Хорор во Србија: Ја мачел, ја исекол мајка си и деловите од телото ги ставил во замрзнувач

А1он

Во сообраќајка на патот Битола – Прилеп загина 17годишна девојка

А1он

Кривична пријава за убиството во Чаир: Двајца осомничени за смртта на 26-годишникот

Ја уби сопругата додека детето славеше роденден – таа повика полиција еден час претходно

А1он

Иранскиот паравоен командант Абдолрауф Ешаги е убиен во терористички напад

А1он

Убиство во Дуќанџик – пукаа кон петмина, 26 годишен скопјанец настрада

А1он