Малолетник од Гостивар ги натепал дедото и сестрата

Од:

Петнаесетгодишен малолетник од Гостивар со нож го нападнал дедото и ја натепал две години постарата сестра. Полицијата го фатила малолетникот, кој наскоро за проблематичното однесување ќе заработи соодветна пријава.

Според СВР Тетово, 66-годишниот М.М. вчера околу 22 часот пријавил дека бил физички нападнат од внукот, кој во еден момент извадил нож и му нанел расеченица на левата надлактица. Момчето претходно, откако влегло во дворот на семејната куќа се нафрлило врз сестрата и почнал да ја удира. За го спречи насилството и да ја заштити внуката, дедото се обидел да го отргне внукот, но притоа добил удар во главата и расекотина во левата рака.

По санирањето на повредите во гостиварската болница, случајот бил пријавен во полиција, а во консултација со јавен обвинител, малолетникот во присуство на социјален работник бил повикан на разговор.

Од почетокот на годинава, во гостиварско регистрирани се 15 случаи на семејно насилство со потешки последици за кои се изготвени кривични пријави.

Би можело да ве интересира

Во напуштена куќа пронајден починат 49-годишен скопјанец

Ја гризел, ја влечел за коса пред двегодишната ќерка, се бара притвор за насилник од Скопје кој ја нападнал сопругата

Прегазено дете во Штип

Жена носела пиштол без дозвола на бензинска пумпа, сега е во притвор

Ана Ололовска

Куќен притвор за скопјанец што чувал пет вида дрога во изнајмен стан

Жарко Настоски

Скопјанец силувал и претепал жена во станот на неговата покојна мајка

Жарко Настоски