Вчера вечер, околу 19,30 часот, од страна на Ј. Н. (15) од Скопје со камен искршено е стакло од приватен автобус бр.52, кој бил во движење од нас.Колонија кон с.Петровец, при што биле повредени две лица Д. А. и С. И.
Со возило на Итна медицинска помош Д.А. е префрлен во ГОБ „Св.Наум Охридски“, додека С.И. сама отишла во ГОБ „Св.Наум Охридски“, за укажување на лекарска помош.
Сторителот Ј.Н. е фатен на лице место и во тек се мерки за расчистување на случајот по што против истиот ќе биде поднесен соодветен поднесок.