Мали грантови за „Еко градинки“

Од:

„Програмата за мали грантови“, дел од интернационалната програма „Еко градинка“, повторно е отворена за градинките членови во националната мрежа на еко градинки, соопшти денеска ОХО. Целта на „Програмата за мали грантови“ е да се промовира заштитата на животната средина преку поттикнување на еко градинките да развијат и имплементираат практични еколошки проекти на темите: енергија, вода, управување со отпад и чист воздух.

Право на учество во „Програмата за мали грантови“ имаат еко градинките, кои се наградени со статусот за зелено знаме во учебната 2015/2016 или 2016/2017 година, со испраќање на еден предлог проект кој ќе обработува една од понудените теми. Предлог проектот треба да нуди практични решенија за подобрување на условите за престој и работа во градинката, преку мали инфраструктурни зафати или набавка на опрема, но истовремено ќе треба да биде проследен со едукација на децата за направените промени и придобивките за животната средина.

Предлог проектите се испраќаат исклучиво преку електронска порака на [email protected] најдоцна до 3 март годинава.

Пристигнатите предлог проекти ќе бидат оценувани врз основа на веќе определени критериуми, како што се: иновативност и одржливост на проектот, како и да бидат во согласност со методологијата на седумте чекори еко менаџмент и едукативните цели на самиот проект. Согласно критериумите од повикот ќе бидат поддржани вкупно 9 (девет) еколошки проекти, кои ќе добијат финансиска поддршка од 1000 евра, 700 евра или 500 евра.

„Програмата мали грантови“, соопштуваат од ОХО, за поддршка на еколошки проекти за еко градинки со зелено знаме оваа година се реализира со поддршка на Делегацијата на Европската Унија и е дел од кампањата „ЕУ за ТЕБЕ“ во рамките на темата животна средина со цел справување со загадувањето и обезбедување на „чиста животна средина за сите“.

Би можело да ве интересира

Левица: Министерот Лимани ги остави градинките во Струга без кадар

Горан Наумовски

Во Скопје речиси 50 отсто од децата се невакцинирани со ди-те-пер

A1on

Здравствениот инспекторат ќе ги контролира вакциналните потврди за градинка, министерот ги прифати препораките

Катерина Ѓуровски

Инспекторатот ќе забрани невакцинирани деца во градинките кога ќе добие одлука од министерот

A1on

Училиштата и градинките ќе плаќаат за 35 отсто поевтино парно, Регулаторот ги намали сметките

A1on

Во градинките лани биле згрижени 35 932 деца

Ана Ололовска