Малешевијата ќе биде преполна со гости за претстојните празници

Од:

За претстојните новогодишни и божикни празници, Малешевијата ќе биде преполна со гости. 

Според хотелиерите, како и сопствениците на викенд куќи, деновиве се бара место повеќе за престој во Малешевијата за претстојните новогодишни и божикни празници. Најбројни ќе бидат гостите од Бугарија и од Македонија.

Туристичките работници во Берово истакнаа дека на туристите им ја нудат малешевската традиција, но и чистиот воздух, Сонцето, а пред се здравата и чиста домашна храна. Малешевската приказна добро спакувана во алтернативен туризам ги привлекува туристите.

Годинава, Берово го посетија туристи од Холандија, Израел, Бугарија, САД, Србија. Според евиденцијата на хотелиерите, годинава се бележи пораст на гостите за околу 13 отсто. За идната година има најави дека Берово прв пат ќе го посетат и гости од Белгија.

Би можело да ве интересира

Осум продолжени викенди за сите граѓани во 2024

Влада: Мерката за замрзнати цени продолжена до 31 јануари поради празниците

A1on

Петок пред Духовден неработен ден за граѓаните од православна вероисповед

Ана Ололовска

Денот на сесловенските просветители неработен за сите граѓани на Македонија

Ана Ололовска

Националниот ден на Власите, 23 мај – неработен ден за граѓаните припадници на влашката заедница

Ана Ололовска

Првиот ден на Рамазан Бајрам неработен за сите граѓани на Македонија

Ана Ололовска