Максим Димитриевски нападнат од полицајци во цивилки

Од:

Ноќеска на семејна веселба во кафеаната „Палас“ во Куманово, физички е нападнат пратеникот од СДСМ Максим Димитриевски. Нападот го извршиле десетина, меѓу нив имало и неколкумина вооружени полицајци во цивилки.

Димитревски за А1он го потврди инцидентот и ни изјави дека му е повредена раката.

Десетина напаѓачи, во алкохолизирана состојба вербално го провоцирале Димитривески , а потоа се обиделе и физички да се пресметаат со него. Влегло обезбедувањето на локалот, и во туркањето и хаосот на подот почнале да паѓаат и пиштолите од полицајците во цивилки.

Максим Димитриевски вели дека се обидувал да не одговори на провокациите, но морал да ја брани сопругата која била со него и себеси. Алкохолизираните лица ги влечеле за коса и жените, а потоа почнале да се пресметуваат и меѓу себе.

Случајот е пријавен во МВР.

„Ова не е прв напад врз мене за да ме заплашат и замолчат, но нема ништо да ме исплаши и обесхрабри“, вели Димитриевски за А1он.

Би можело да ве интересира

Кумановци што работеа во Ирак и Авганистан повторно на протест пред општинската зграда

30 дена притвор за двајца насилници кои претепаа сопственик на кафеана

Горан Наумовски

Куманово на нозе: Протест против УЈП поради неиспорачани даночни решенија

Протест на кумановци кои работеа во базите во Ирак и Авганистан – бараат средба со премиерот

А1он

(ВИДЕО) Левица: Од парк – шума до бетонска џунгла, Советот на Куманово го менува ликот на „Ловечки дом“

Горан Наумовски

Силен ветер откорна парче лим од покрив на зграда во Куманово

А1он