Макрон го пречека Пендаровски

Од:

Францускиот претседател Емануел Макрон вчера вечер го пречека претседателот на Северна Македонија Стево Пендаровски на вечерата во Париз, пред Парискиот мировен форум.

-Вечерва имав чест да присуствувам на вечерата во пресрет на Парискиот мировен форум, на покана на францускиот претседател Емануел Макрон, заедно со шефовите на држави и учесници на Форумот, на кој ќе дискутираме за потребата од заеднички решенија за справување со глобалните предизвици, напиша Пендаровски на неговиот профил на Фејсбук.

Пендаровски, кој во Париз учествува на Парискиот мировен договор денеска како што потврди кабинетот на претседателот, ќе има средба со Макрон. Пендаровски, покрај средбата со Макрон, ќе има и обраќање на форумот, на кој ќе учествуваат повеќе од 30 шефови на држави и влади.

Во рамките на форумот, Пендаровски ќе оствари средби и со генералниот секретар на ООН, Антонио Гутереш, австриската канцеларка Бригит Биерлејн, како и со шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров.

Пендаровски на средбата со Макрон ќе има можност директно од него да ги слушне ставовите на Франција за проширувањето и за новата методологија на преговарање.

Би можело да ве интересира

Макрон: Војната во Украина е стратешки, воен и економски неуспех за Русија

Русија: Целта на ограничувањето на руската мисија во ЕУ е да се попречат дипломатските напори

Сиљановска-Давкова: Европа не може да биде целосно безбедна се додека Западен Балкан е надвор од Европската Унија

Вајц: Македонија да испорача реформи, а ЕУ да ги исполни своите обврски

Лавров: Русија ќе започне преговори кога претставниците на ЕУ ќе се вразумат

Зеленски бара мировниот договор да го содржи точниот датум за пристапување на Украина во ЕУ