Јани Макрадули во колумна под наслов „Бојкот“, за Плусинфо пишува за претставувањето на нашата песна за „Песна за Евровизија“, која ја испеаја Есма Реџепова и Влатко Лозановски.
„Гледам, и како Таљат молчам (не се спремам за министер за одбрана, градоначалник си останувам). Скриена камера, за жал не е, пародија од Буба Мара не е, таму боља песна имаше. Заклучокот е еден, ова е нашата песна за Евровизија. А фино почна со народна музика, па Лозано aka Џони Логан, Есма со вечната „Чајорие шукарије“. Но, песната? Спотот?
Одеднаш експлозија на Facebook и Тwitter, нема човек кој одобрува вакво исмејување со граѓаните на Македонија. Дури и наместената публика остана вкочанета од спотот за „Скопје 2014“. Владата реши на Евровизија да ја претставува спот, а не музичка нумера. Спот, кој само ја потврдува забеганоста на оваа владеачка гарнитура да вмроизира сè во Македонија, па дури и музиката“, пишува Макрадули.
Целата колумна можете да ја прочитате овде.