Макрадули повика на одговорно дејствување од земјите со повисок придонес кон глобалните емисии

Од:

Заменик министерот за животна средина и просторно планирање Јани Макрадули на денешната сесија од Дијалогот Таланоа, што се одржува во рамки на 24-тата конференцијата на ОН за климатски промени (COP 24) од 9-14 декември во Катовице, Полска ја споделил својата приказна за моменталните предизвици со кои Република Македонија се соочува во областа на климатските промени.

Како што соопштуваат од Министерството, тој нагласил дека функцијата заменик министер за животна средина на Република Македонија, нуди можност, но и одговорност да креира и имплементира социјални и економски политики за заштита на животната средина, со цел спречување натамошно уништување на животната средина и градење општество кое емитира ниско ниво на јаглерод.

– Република Македонија е една од 16-те најамбициозни држави кои всушност ги исполнуваат своите обврски од Парискиот договор, според анализите на NDC земјите, беше објавено во неодамнешна студија. Точно е дека треба да го сториме тоа за да овозможиме здрава животна средина за сегашните и идните генерации, како и да ги почитуваме барањата за пристапување во ЕУ и глобалната агенда. Дополнително, Владата на Република Македонија усвои амбициозен план, План за чист воздух за борба против аерозагадувањето. Во однос на технологиите и мерките потребни за нас да го сториме претходно споменатото, предвидовме повеќе од 40 политички мерки, и не само од еколошки, туку и од социјален и економски аспект. Покажавме со бројки дека повеќето од мерките се win-win мерки што дава големо значење на нашата заедничка мисија и мојата лична визија, рече Макрадули.

Тој ја споделил оваа приказна за да ги повика земјите со повисок придонес кон глобалните емисии, да ги зголемат своите амбиции, да дејствуваат одговорно, да обезбедат алатки и финансии за останатите држави и да ја зголемат соработката кон постигнување на потранспарентно и партиципативно општество.

Дијалогот Таланоа е клучен меѓународен разговор во кој земјите и сите релевантни засегнати страни го следат напредокот во одржувањето на глобалните температури во безбедни нивоа и на вистинскиот пат до постигнување на нето-нулта емисија до средината на векот, како што е договорено со Парискиот договор за климатски промени. Дијалогот Таланоа претставува клучен меѓународен разговор и радикално отстапување од формалниот процес на преговарање преку создавање отворен простор каде што државите, градовите, бизнисите, граѓанското општество, верските организации, домородните заедници, младинските групи и други можат да ги споделат своите идеи и искуства и да учат едни од други без страв од посочување прст или обвинување.

На COP 24, делегати од сите држави потписнички на Рамковната конвенција на ОН за климатски промени (UNFCCC) ја дискутираат имплементацијата на Договорот од Париз како и активностите за задржување на глобалното затоплување под два степена целзиусови.

Би можело да ве интересира

Посебен режим за камиони, засилени контроли во сообраќајот, вонредни инспекции кај потенцијалните загадувачи – мерки за намалување на загадувањето

СДСМ: Скопје најзагаден град, а власта на ВМРО-ДПМНЕ не презема ништо за загадениот воздух

Кој е најголем добитник од рудниците: Државата, локалните жители или инвеститорите

Предраг Петровиќ

Еко-манипулација: Новите рудници ќе работат под еколошки стандарди и се ќе биде чисто, зелено и еколошки

Предраг Петровиќ

Врховен утврди начелен став дека државата е должна да обезбеди здрава животна средина, непреземањето дејствија е повреда на правата на граѓаните

ИКС: Да зборуваме повеќе за животната средина во време на растечка еколошка криза