Макрадули: Поефективно да работиме во иднина и да ја заштитиме природата

Од:

Согласно европските политики да ја зголемиме регионалната соработка од аспект на заштитените подрачја, заштитата на биодиверзитетот со едно транспонирање со националните стратегии во регионални стратегии, со едно скалирање на нашите потреби и приоритети во еден регионален пристап, бидејќи природата нема граници, не можеме да поставиме стаклени ѕидови меѓу државите и ги делиме заеднички проблемите во врска со заштитата на животната средина.

Ова денеска го истакна заменик-министерот за животна средина и просторно планирање Јани Макрадули на вториот состанок на работната група за биолошка разновидност во рамки на претседавањето на Министерството за животна средина и просторно планирање на Република Македонија, што се одржа денеска во Скопје.

Посочи дека животната средина е поставена како еден од четирите столбови на одржливиот развој во Стратегијата 2020 и како дел од неа постои работна група за биодиверзитет и целта е не само транспонирање на политиките, туку практично скалирање, мапирање на националните стратегии во заеднички стратегии во регионот.

– Идејата е дека постојат повеќе донатори, спонзори, кои за жал во некои земји, како и во Македонија работат иста работа. Идејата е сето тоа да го ставиме под заеднички чадор и поефикасно и поефективно да работиме во иднина и да ја заштитиме природата. Македонија во следните шест месеци ќе биде копретседавач на оваа работна група и ќе ги води активностите, додаде Макрадули.

Членки на работна група која е дел од пошироката Регионална работна група за животна средина се претставници на надлежните министерства од Албанија, Македонија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Косово и Србија.

На состанокот присуствуваа и високи претставници на Регионалниот совет за соработка, Меѓународната унија за заштита на природата и ГИЗ Oтворен регионален фонд за биодиверзитет за Југоисточна Европа.

Би можело да ве интересира

Едукативна кампања на Центарот за одржлив развој „Алка“ за зачувување на животната средина

Орце Костов

Државата е еден од најголемите загадувачи: Над 700 институции користат греење со кое го трујат воздухот, најголем дел се во училишта и градинки

Орце Костов

Шукова: Граѓаните да користат суво дрво, 45 отсто од загадувањето доаѓа од домаќинствата

Орце Костов

Чебрен пропадна: Грчката компанија не можела да подигне кредит од банка за да гради

Орце Костов

Воздухот енормно загаден, а пратениците одбиваат амандмани за Буџетот со кои ќе се намали аерозагадувањето

Орце Костов

Трошоците за заштита на животната средина лани изнесувале 7 840 633 000 денари