Заменикот министер за животна средина и просторно планирање Јани Макрадули денеска и утре ќе учествува на неформален состанок на министри за животна средина во Талин, Естонија.
Како што соопшти Министерството за животна средина, главен фокус на состанокот ќе бидат еко иновациите и прашањата поврзани со климатските промени.