Макрадули: Без јавна дебата не може да се реализира барањето за ладна валалница во Кавадарци

Од:

Без јавна дебата не е возможно да се реализира барањето на кавадаречка компанија за инвестиција во ладна валалница во Кавадарци, рече заменик министерот за животна средина и просторно планирање Јани Макрадули.

– Нашето Министерство има задача кога ќе го добие барањето за А интегрирана дозвола, да направи анализа и во една јавна расправа и широки консултации, да дојде до решението. Бидејќи се работи за А инсталација, ќе треба да има стартегиска оценка за влијанието на животната средина, која што сакам да потенцирам, не се врзува со типот на земјиштето и намената, не е тоа наш ресор. Ние сме да гледаме и процениме како се еколошките стандарди и какво е влијанието на почвата, водата и воздухот, нагласи Макрадули во Демир Капија, каде што е на средба со жители, заедно со Љупчо Николовски, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Макрадули додаде дека компанијата, инвеститорите и самите се заинтересирани да направат стратегиска оценка за влијанието, бидејќи и на тој начин се кредитира и се поттикнува стопанството.

– Се разбира без јавна дебата тоа не е возможно да се направи. Впрочем и денес најавивме дека идната недела за гасоводот кој поминува по сртот на Водно од јужната страна, ќе правиме повторно јавна дебата, дециден беше заменик министерот.

Би можело да ве интересира

Едукативна кампања на Центарот за одржлив развој „Алка“ за зачувување на животната средина

A1on

Државата е еден од најголемите загадувачи: Над 700 институции користат греење со кое го трујат воздухот, најголем дел се во училишта и градинки

A1on

Шукова: Граѓаните да користат суво дрво, 45 отсто од загадувањето доаѓа од домаќинствата

A1on

Чебрен пропадна: Грчката компанија не можела да подигне кредит од банка за да гради

A1on

Воздухот енормно загаден, а пратениците одбиваат амандмани за Буџетот со кои ќе се намали аерозагадувањето

A1on

Трошоците за заштита на животната средина лани изнесувале 7 840 633 000 денари