Макрадули: Ако МЕПСО и ЕЛЕМ беа во домаќински раце, немаше да поскапи струјата

Од:

Ако беа МЕПСО и ЕЛЕМ во домаќински раце, тогаш немаше да дојде сигурно до вакви поскапувања, рече Јани Макрадули на денешната прес конференција.

„Ова што доаѓа денеска е исклучиво заради непродуктивното трошење од страна на државните компании ЕЛЕМ и МЕПСО. Ако сакаме да бидеме до крај отворени ќе кажеме дека последното поскапување на цената на електрична енергија е исклучиво само по барање на ЕЛЕМ. Зошто? Заради зголемениот интервентен увоз на електрична енергија, односно намаленото домашно производство”, рече Макрадули, потсетувајќи дека тоа било констатирано и во Извештајот на Европската комисија.

Според него, дуплирањето на цената на струјата во изминативе шест години е производ на недостатокот на инвестиции во енергетиката.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Се кратат парите за спортот, со Борко Ристовски македонскиот спорт оди кон пропаст

(ВИДЕО) Радеска: Повторно нема лекови на Онкологија – СДСМ бара оставка од Клековски

СДСМ: Кривична одговорност за Алта банка мора да има – Обвинителството да постапува

Горан Наумовски

Стојаноски: Ќе ја поддржиме иницијативата на Пратеничката група на СДСМ за вонредна седница поврзана со семејното насилство

ВИДЕО: СДСМ поднесе интерпелација за Трајко Славески за Алта банка

СДСМ бара итна собраниска седница за насилството врз жените и одговорност од институциите