„Макпетрол“ со став дека намалувањето на цената од страна на ОКТА не е доволна

Од:

„Макпетрол“ смета дека намалувањето на цените од 2,5 денари (со ДДВ) за литар на нафтените деривати од страна на ОКТА не е доволно и не го решава проблемот кој го налага моменталната ситуација, објавија од Компанијата.

– Имајќи предвид дека добавувачот изминатиот период продаваше по многу повисоки цени од малопродажните регулирани цени од страна на РКЕ и остваруваа профити, додека трговците на мало работеа во загуба, но не ги затворија своите продажни објекти, за очекување беше дека ќе се добијат повисоки дисконти во набавната цена.

Со оглед на состојбата, се очекува цените на суровата нафта и понатаму да растат, а тоа значи дека трговците и натаму ќе бидат принудени да работат со загуби.

„Макпетрол“ како најдобро решение за надминување на проблемот за сите засегнати страни, вклучувајќи ги граѓаните, смета дека е замрзнување на набавните цени на нафтените деривати, а со тоа и малопродажните цени, како што е пракса во регионот.

„Макпетрол“ сè уште од добавувачот нема добиено официјално известување за намалувањето на цената, се вели во соопштението од Макпетрол.

Би можело да ве интересира

Окта дава попуст на купувачите на горива, Владата очекува да се намалат крајните цени

Соработка на „Макпетрол“ и МОН – нов прирачник против врсничко насилство за училиштата

Горан Наумовски

Работилница на „Макпетрол“ за родители против врсничко насилство утре ќе се одржи во Куманово

Во ОКТА отворен првиот тренинг-центар за гасење пожари од нафтени деривати

A1on

„Макпетрол“: Ученици од 40 училишта се здобија со знаења за врсничкото насилство

Прва работилница во Општина Центар од кампањата на „Макпетрол“ против врсничкото насилство