ВИДЕО: „Македонското срце чука во 7/8“ за 21 година независна Македонија

Од:

Во Националната арена „Филип Втори“ се одржа концертот „Македонското срце чука во 7/8“ на браќата Тавитјан. На концертот македонски и балкански музички ѕвезди изведоа преработки  на стари македонски песни.

Концерот со кој се одбележи 21-годишнината од независноста на Република Македонија, предизвика различни реакции во јавноста преку социјалните мрежи.

Имаше забелешки на начинот на изведбата и неподготвеноста.

На почетокот на концертот , настапот на пеачи на албански и на српски јазик беше исвиркан од присутните, имаше негодување зошто прво не била интонирана македонската химна.

Организатор на концертот  беше Владата на Република Македонија, која одвои средства во висина од 58 илјади евра за бина, озвучување, осветлување, како и за пропаганден материјал.

Владата организираше и бесплатен автобуски превоз до арената „Филип Втори“ од сите општини во државата.

Средствата од билетите, кои чинеа 20 денари  се наменети за хуманитарни цели.

Фото: МИА

Би можело да ве интересира

Осум продолжени викенди за сите граѓани во 2024

Влада: Мерката за замрзнати цени продолжена до 31 јануари поради празниците

Орце Костов

Петок пред Духовден неработен ден за граѓаните од православна вероисповед

Ана Ололовска

Денот на сесловенските просветители неработен за сите граѓани на Македонија

Ана Ололовска

Националниот ден на Власите, 23 мај – неработен ден за граѓаните припадници на влашката заедница

Ана Ололовска

Првиот ден на Рамазан Бајрам неработен за сите граѓани на Македонија

Ана Ололовска