Луѓето штом го слушнат зборот кабаре веднаш помислуваат на згодни девојки, оскудно облечени кои играат во бар каде постојано се служи алкохол. Но не секогаш „Мулен руж“ е дефиниција за кабаре. Пзоади овој збор се крие една цела уметност, критички настроена кон секоја режим, секоја неправда, секое прекршување на основните човекови права.
Иако кабарето низ светот во доцните години од 19 век станало популарно од Берлин се до Париз, според слободната форма и начин на кој настапувале девојките. Бранот на либерализам, донел еден нов ветер, во кој уметниците започнале кабарето да го користат само како сцена во која слободно може да ги исмеваат сите власти и режими. Кабарето станало авангарден начин за исмевање на политичките фигури и одлуки, во кој се експериментирало со стилови, жанрови, настапи, музика и изведувачи.
Но ниту едно угнетување на било доволно силно за да го уништи кабарето, посебно за време на Втората светска војна, кога под маската на безопасна забава, започнало да ги исмева најозогласените ликови од историјата, а токму тоа кабарето го донело на врвот на неговата популарност.
Можноста на публиката да стапи во директен контакт со изведувачите, да учествува во нивните шеги, забелешки, но и да се релаксира и заборави на теророт кој го ширеле нацистите, му дало сила на кабарето, да успее да ги избегне брановите на затварања на ноќни клубови во кои се изнесувале ставови кои биле „против“ нацистичките идеи за иднината.
Преку кабарето и ироничните форми на дискутирање на секоја состојба во општеството, конечно и се овозможило и на средната класа да го каже своето мислење. Секој социјален и политички коментар наоѓал место токму на сцената на кабарето, а во токму во него утеха наоѓале се поголем број посетители.
Кабарето станало еден вид на хумористичен антифашистички отпор, кој имал поддршка од секој, кој не вклучувал оружје, ниту загрозувал нечиј живот.
И Евреите пронашле утеха во кабарето, па во периодот 1927 – 1933 година тие се труделе барем со хумор да пронајдат решение за својот проблем, но и да ја намалат својата мака. Додека тие со својот хумор се обидувале да влезат во душите на преплашените Евреи, кои се бореле за подобро утре, куршумите навлегувале длабоко во нивото тело. За жал најголем дел од еврејските автори, музичари, актери, но и дел од публиката биле осудени на прогонство, за непријателството против државата. Некои од нив биле однесени и во концентрациони логори, каде добивале„специјален третман“ каков што имало пропишано од нацистите за уметници од нивниот ранг, некои извршиле самоубиство, а трети пак пребегале во САД.
Македонските уметници глумат на партиски митинзи наместо во кабаре
Минатиот век обичните престави на кабарето привлекувале стотици посетители, но и биле алатка за говорење за проблемите со кои се соочуваа обичниот граѓанин, решенијата кои се потребни.
Иако модерните форми на кабаре се блескави, моќни и лесно привлекуваат публика, во нашата земја не е тоа така. Кај нас и уметноста е слепа и глува за секој режим, за секоја критика која можеби таа треба да ја испрати.
Оние кои биле храбри па иронијата и сарказмот, како четка и боја ги користеа за исмевање на секојдневието, одамна се во еден вид на модерен медиумски прогон, унаказени како исмевачи на животот, а не наградени како забавувачи на народот, испраќачи на јасна порака за потребни итни промени.
Жедта на луѓето за кажување на своите проблеми низ призмата на хуморот, сатирата, играта ќе остане не изгасната бидејќи секоја таква критичка форма на размислување е забранета кај нас, кога нема за што да се критикува, нели?
Наместо во кабаре нашите уметници настапуваат по изборни кампањи, во владини реклами, глумат градоначалници и министри, односно глумат се што не може да се глуми во храброто и критички настроено кабаре.
Уцените за недобивање на решение за работа, намалениот број на ангажмани се преголем притисок за нашите уметници, поголем од оној кој оние воените уметници го добивале во логорите, па не може да го поднесат и мора целосно да се предадат.
Уметниците се истотака едно од важните огледала на секое општество, па и на нашето.
Автор: М-р Наташа Димеска
Авторката е аналитичарка во онлајн магазинот „Револуција“,
http://mkrevolucija.com