Македонските новинари на твитер: Фуле не зафркаваш?

Од:

„Не сум среќен што добрите вести за декриминализацијата на клеветата се деградирани од не толку добри вести како одземање на лиценцата од А2 телевизија“.

Ова е коментарот на еврокомесарот Штефан Фуле на Твитер по реакција на македонските новинари откако првично имаше напишано дека договорот за декриминализацијата е добра вест, но немаше ништо за затворањето на А2.

По сите овие пишувања кои се однесуваа на написот на Фуле дека „декриминализацијата е добра вест од ФИРОМ“ по неколку часа се огласи и евроамбасадорот кој напиша дека затворањето на А2 не било толку добра вест на што следеа шегобијни коментари на негова сметка околу тоа што подразбира под „не толку добра вест“ но и критики дека неговите изјави не им се од полза на македонските новинари. Голем дел од новинарите амбицијата да го претстави HLAD (дијалогот на високо ниво) како успешен, му напишаа дека ги преминува сите мерки.

На коментарот од Фуле имаше реакции од македонски новинари кои му пишуваат дека само за мала група на луѓе и за политичарите тоа е добра вест, а на евроамбасадорот го прашуваат дали има одговор од новинарите дали за нив договорот за декриминализација е добра вест?

Тие го прашуваа „Фуле не зафркаваш“?

„Што подразибрате под не толку добра воест и дали декриминализациајта на клеветата денеска значи дека само ќе се одвлече вниманието од затворањето на уште еден медиум?, прашуваа новинари од Македонија.

Регионалните новинари пак дури и го советуваа „да си најде подобри советници за балканските прашања, бидејќи штетите кои ги правел Фуле со неговите изјави се долгорочни“.

 

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Лавров исфрли новинар од салата: „Ако не го предадете телефонот, ќе го извадат оружјето“

СДСМ: Денес го одбележуваме Светскиот ден на слободата на медиумите, но во Македонија овој ден не го славиме туку го преживуваме

Светски ден на слободата на медиумите: Слободните медиуми се столб на демократијата

ВИДЕО: Слободата на медумите во Македонија е во пад, состојбата сега е „проблематична“

Маскирани агенти ја претресуваат московската канцеларија на „Новаја Газета“

Реакција на ССНМ и ЗНМ: Повикот на ОЈО за „воздржаност“ може негативно да се протолкува