Македонските и бугарските експерти со разлики за средновековната историја, за Делчев ќе се разговара утре

Од:

Во конструктивна и коректна дискусија и дебата помина првиот ден од седмиот состанок на мешовитата македонско бугарска експертска комисија којшто се одржува во Софија. Членовите на Комисијата работеле по претходно разменетите предлог идеи за усогласување на препораки за учебниците за седмо одделение во Северна Македонија и шести клас во Бугарија.

– Постојат сериозни разлики во однос на пристапот и разбирањето на средновековната историја и во однос на терминологијата и користењето на одредени термини во учебниците кои се однесуваат на средновековниот период, потврдија за МИА извори од Комисијата.

И покрај разликите членовите на Комисијата усогласиле некои забелешки во однос на општите проблеми кои постојат во учебниците во двете држави и имале можност, како што велат оттаму, да си укажат едни на други што е тоа што им пречи од тие учебници.

Ова, како што велат од Комисијата, е многу важно за да им се овозможи на двете страни да развијат чувство за начинот на кој другиот гледа и го вреднува минатото.

Кај македонската страна постои уверување дека на следните средби разликите ќе се надминуваат со цел да се дојде до препораки во насока на градење на добрососедските односи и во насока како различното толкување на минатото да не биде пречка меѓу македонскиот и бугарскиот народ.

Членовите на Комисијата се согласни дека е потребна и дискусија како да се промени пристапот и начинот на нејзиното работење со цел состаноците коишто ги одржува да дадат уште подобри резултати во духот на Договорот за добросоодество.

Како што беше и претходно најавено дека на седмиот состанок освен за средновековниот период ќе се распарава и за ликот и делото на Гоце Делчов, втората тема односно заедничкото чествување на Делчев ќе биде разгледана утре.

Средбата е продолжение на претходната, која се одржа во Скопје во јуни. Ова е четврта средба на Комисијата оваа година, а до крајот на годината се предвидени уште две средби.

Од досегашните шест средби до владите на двете земји се препорачани заеднички чествувања на Св.Кирил и Методиј, Св.Климент, Св.Наум и Цар Самоил, како и препораки за подобрување на учебниците по историја за шесто одделение во Република Северна Македонија и петти клас во Република Бугарија кои се однесуваат на античкиот период од минатото.

Препораките до двете влади за периодот на антиката за учебниците од петто одделение во бугарскиот образовен систем и за шесто во македонскиот образовен систем беа усвоени на последиот состанок, што се одржа на почетокот на јуни во Скопје.

Гоце Делчев беше тешкото прашање на последната средба во јуни, а тогаш претседавачот од македонска страна Драги Ѓоргиев и бугарскиот претседавач Ангел Димитров напоменаа дека за одредени работи експертите од двете земји постигнале согласност во однос на личноста и делото на Делчев, но за одредени, нивните мислења се спротивставувале.

Целта на состаноците, како што велат од Комисијата, е да се изврши денационализација и деполитизација на минатото. Комисијата е формирана на паритетна основа за решавање на историските и образовни отворени прашања, согласно со член 8 став 2 од Договорот за добрососедство и соработка меѓу Северна Македонија и Бугарија, потпишан на 2 август 2017 година. Има по седум членови од двете држави, претседател од македонска страна е Ѓоргиев, а од бугарска Димитров – првиот амбасадор на Бугарија во земјава.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Откриени остатоци од две стаклени градини во комплексот „Волчја дупка“ на Хитлер

Ана Ололовска

Македонско-бугарска интернет војна на „Википедија“ за Гоце, Даме и Сандански

Мери Јордановска

Заев – Курти: Добрите односи и новите иницијативи за соработка меѓу двете земји се од исклучително значење за Западен Балкан

Гоце, Даме и Сандански станаа бугарски револуционери на „Википедија“

Мери Јордановска

Пендаровски-Ручи: Албанија е континуиран партнер во обезбедувањето европска перспектива на регионот

Татјана Ташкова

Поранешни и сегашни ЕУ и НАТО дипломати: Северна Македонија во последните две години стана извозник на стабилност и демократија