Македонскиот и бугарскиот Црвен крст ќе користат европски фондови за пограничните градови

Од:

Црвениот крст на Република Македонија ќе користи европски фондови за пограничните градови со Република Бугарија, овозможени преку соработката со бугарскиот Црвен крст. Ова денеска го соопштија по средбата во Струга претседателите на двете организации Ромел Велев и Христо Глигоров.

Раководствата на организациите од двете држави, како што информира претседател на Црвен крст на Република Македонија Велев, биле прикажани можностите за соработка.

-Разговаравме за реализираните активности оваа година, но и за она што следува во 2019 и 2020 година, како и за приклучување со заеднички проекти за искористување финансиски средства што може бугарскиот Црвен крст да ги овозможи преку нивното членство во Европската унија, изјави Велев.

Засега, според него, останува да ги користиме фондовите планирани за граничните региони, Крива Паланка, Берово, Делчево, Струмица, со задграничните Ќустендил и Благоевград.

Претседателот на Црвениот крст на Република Бугарија, Глигоров нагласи дека заложбите на двете организации може да бидат пример не само за Балканот и Европа, туку и за целиот свет.

-Нашата соработка е од поодамна и имаме добри резултати. Сега почнуваме да работиме во рамки на можностите за прекугранична соработка каде што има многу фондови. Следната година може да имаме одлични резултати. Верувајте во иднината, верувајте дека Балканот ќе стане привлечен регион за живот, бидејќи Црвениот крст на Македонија и на Бугарија се многу јаки, рече Глигоров.

Македонскиот и бугарскиот Црвен крст досега соработувале во осум сфери меѓу кои се: прва помош, катастрофи, меѓународна соработка, информирање на медиумите…

Би можело да ве интересира

МВР го расчисти денешното убиство во Охрид, уапсен 53 годишен жител на Брвеница

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари

Доктор во јавно здравство заработил 700 илјади денари за еден месец

Предраг Петровиќ

Данците не се баук: Македонија има 0-0 на полувреме во Копенхаген

Шест македонски волови направија прекуграничен проблем, влегле на бугарска територија

Полицајци и пожарникари го пребаруваат теренот во Зрновци каде беше пронајдено тело на жена во фаза на распаѓање

Предраг Петровиќ