Македонски железници – Транспорт помага на погодените од поплавите

Од:

Македонски железници – Транспорт АД со директен ангажман на вработените, како и со опрема и превозни средства, активно се вклучи во процесот на санација на штетите предизвикани од поплавите.

Управниот одбор на Македонски железници – Транспорт АД донесе одлука за донација на храна, вода и хигиенски препарати кои денеска беа доставени до загрозените подрачја во околината на Скопје и изрази длабоко сочувство до семејствата и граѓаните зафатени од неодамнешните поплави.

Вработените и опремата, информираат од компанија, и натаму ќе останат на терен заедно со сите луѓе кои се вклучени во оваа акција, се до целосно санирање на штетите во загрозените подрачја.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Силна бура зафати делови на САД: откажани стотици летови, илјадници без струја

Силни бури во Европа: Град во Италија, јак ветер во Словенија, невремето стигна и до Хрватска

A1on

Најмногу дожд наврна во Крива Паланка, попладне локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер

Големо невреме со пороен дожд, грмежи и град северозападно од Куманово

Торнадо ја погоди Словенија и остави пустош: илјадници луѓе останаа без струја

Температури над 40 степени, а потоа следува заладување