А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Македонската амбасадорка во Софија повикана во бугарското МНР поради изјавите на вицепремиерот Николоски

by А1он30/08/2024 - 19:43938
Share0

Министерството за надворешни работи на Бугарија соопшти дека денеска била повикана македонската амбасадорка во Софија Агнеза Руси-Поповска за да и биде пренесен протест поради, како што се наведува, вчерашната прес-конференција на вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.

Следете a1on на Instagram Instagram

– Од бугарска страна беше реафирмиран конзистентниот став во однос на европската перспектива на Скопје. За жал беше констатирано дека системските провокации и одбивањето да се исполнат обврските на официјални претставници на соседната земја дополнително ја оддалечуваат од почеток на преговори со ЕУ. Официјалниот и секој следен кабинет ќе ја продолжи природната линија на бугарската надворешна политика кон Република Северна Македонија, насочена кон гарантирање на човековите права и почитување на принципите на добрососедство, се наведува во соопштението одбјавено на веб страницата на Министерството за надворешни работи на Бугарија.

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски вчера на прес-конференција во Скопје, изјави дека смето оти процесот на уставните измени и преговарачката рамка се главна тема во бугарските медиуми секогаш кога има избори во Бугарија.

-Ова не е политика на Бугарија од вчера. Ова е политика на Бугарија која што ја имаме во континуитет од 2020 година. Второ, секогаш кога во Бугарија ќе дојдат избори се злоупотребува темата Македонија. Не знам сега не сум сигурен за кога им се изборите затоа што до толку се нефункционални што не можат ни избори да закажат, ова им е седма или осма техничка влада, веќе луѓе не можат да најдат за во техничката влада. Така што, прво нека си ги средат дома работите, нека изберат политичка влада и ќе седнеме и ќе зборуваме со политичката влада. Немам намера да одговарам на луѓе коишто ловат политички поени а коишто се политички маргиналци во моментов во Бугарија затоа што се претставници на влада која што нема легитимитет од никого, рече Николоски прашан за коментар за претходната реакција од бугарското МНР дека „на раководството во Скопје би требало да му е јасно дека обидите за лансирање на идеи за предоговарање може единствено да доведат до ново оддалечување од стартот на преговори“.

Следете a1on на Youtube YouTube
bugarijamnrsofija

Би можело да ве интересира

ЕУ подготвува санкции за Бугарија

Горан Наумовски31/05/2026 - 18:09

Визите се причина за „војна“ помеѓу Бугарија и САД

Горан Наумовски30/05/2026 - 20:30

Мицкоски за спорот со Бугарија: Македонија нема да прави чекори без реципроцитет

Горан Наумовски30/05/2026 - 13:28

Петрова: Бугарските услови остануваат дел од патот на Македонија кон ЕУ

Горан Наумовски30/05/2026 - 11:19

Радев: ЕУ не преговараше со Русија на време, сега мора да ја преиспита својата стратегија

Горан Наумовски27/05/2026 - 17:07

МНР на бугарскиот амбасадор Радуков му упати усен демарш поради употреба на терминот „северно-македонски“

Горан Наумовски12/05/2026 - 17:0412/05/2026 - 17:17
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто