Македонска делегација на комеморацијата по повод 72 години од ослободувањето на Матхаузен

Од:

По повод 72-годишнината од ослободувањето на концентрациониот логор Матхаузен во близина на Линц, во Австрија, денеска се одржа традиционалната комеморација и одавање почит на над 122 илјади жртви во логорот.

Во името на Република Македонија, цвеќе пред саркофагот на жртвите во логорот положи амбасадорот на РМ во Австрија, Василка Попоска Треневска, заедно со претставниците од МПЦО Св. Наум Охридски од Виена Љупчо Домазетовски, Спасе Дишлиевски и Роберт Петрески, како и претставниците на македонското друштво од Линц, Ванчо Делев и Јосе Глигоров.

На церемонијата присуствуваа претседателот на Австрија, Александар Ван Дер Белен, канцеларот Кристијан Керн, како и многу министри и пратеници.

Канцеларот Керн на комеморацијата истакна дека национализмот, шовинизмот и расизмот денес повторно ги покажуваат нивните грди лица, поради што е неопходно да бидат пресретнати со најсилните оружја: солидарноста, толеранцијата и моралната храброст.

Пораката на комеморацијата на македонски јазик пред 7 илјади присутни ја прочита конзулот Румена Томоска.

Би можело да ве интересира

Во Штип се одбележаа 81 година од депортацијата на Евреите во логорот на смртта „Треблинка“

Одбележување на 80 години од Холокаустот на македонските Евреи

Ана Ололовска

Македонија стана полноправна членка на Меѓународната алијанса за сеќавање на холокаустот

А1он

Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија изработи 10 тактилни слики за лицата со попречености

А1он

Пендаровски: Да се сеќаваме на вистината за холокаустот, за никогаш да не се повтори

Жарко Настоски

Владини претставници на комеморациите по повод 78-годишнината од холокаустот на македонските Евреи

Жарко Настоски