Пендаровски: Да се сеќаваме на вистината за холокаустот, за никогаш да не се повтори

Од:

За време на холокаустот, нацистите го развиле најефикасниот начин за да уништат цел еден народ. И речиси успеале во таа монструозна намера. Во текот на Втората светска војна биле убиени над шест милиони Евреи. Сите биле систематски деперсонализирани, дехуманизирани и уништени, истакна претседателот Стево Пендаровски на комеморативниот настан организиран од Италијанската амбасада во земјава, а во соработка со Еврејската заедница во Северна Македонија, во рамки на одбележувањето на 78-годишнината од холокаустот на македонските Евреи.

Подвлекувајќи дека на овој ден во 1943-тата година речиси целата еврејска заедница била насилно собрана и депортирана во Треблинка, претседателот Пендаровски потенцираше дека половина од убиените 7144 македонски Евреи биле деца.

Во рамки на настанот, претседателот Пендаровски разговараше со Ензо Мерло, режисер на документарниот филм „70072: Девојчето што не знаеше да мрази“ и со главната протагонистка Лидија Максимовиќ, една од неколкуте илјади преживеани од логорот на смртта, Аушвиц.

– Пораката на преживеаните е многу јасна. Тие не поттикнуваат омраза, бидејќи омразата го уништува најмногу оној што мрази. Тие не бараат ниту одмазда, бидејќи одмаздата ја продлабочува неправдата. Тие бараат да се сеќаваме на вистината за Холокаустот, за никогаш да не се повтори, додаде Пендаровски.

На онлајн настанот се обратија и претседателката на Еврејската заедница во Северна Македонија, Берта Романо-Николиќ, како и амбасадорот на Италија во нашата земја, Андреа Силвестри.

Во спомен на македонските Евреи кои на 11 март 1943 година беа депортирани во логорот Треблинка денеска во дворот на Кабинетот, претседателот Пендаровски симболично засади садник од даб, а беше поставена и спомен плоча со порака „Простуваме, но не забораваме“. Дрво беше засадено и во Ерусалимската парк шума на мирот, Амандав.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Пендаровски: Знам некои од другата страна што имаат многу причини за страв од ветинг

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Пендаровски до Силјановска-Давкова: Нека ѝ служи на чест!

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Пендаровски во Виница: Мицкоски на чист бугарски јазик му кажа на Борисов дека го поддржува договорот

Горан Наумовски

Пендаровски во Чешиново-Облешево: Немаме нови години за губење, треба што поскоро да станеме земја членка на ЕУ

Горан Наумовски

Пендаровски со претставка за говорот на омраза, навредите и дискриминацијата од страна на Силјановска-Давкова и ВМРО-ДПМНЕ

(ВИДЕО) Пендаровски: Колку вреди зборот на човек кој е одбиен од НАТО за безбедносен сертификат!