Македонка од Чикаго: Јас се самопопишав, но многу мои пријатели бојкотираат

Од:

Само 3.059 од македонските иселеници во САД досега се самопопишале на пописот кој е во тек, што е невообичаено мал број со оглед на тоа дека македонската дијаспора од САД е една од најбројните.

Македонските иселеници од САД велат дека се чувствуваат како Македонија да им го завртела грбот, па затоа се двоумат дали да учествуваат на онлајн пописот за дијаспората.

„А1он“ исконтактира Македонка од Чикаго која го сподели своето мислење за пописот и зошто интересот за самопопишување е толку низок меѓу иселениците во оваа земја. Таа откако дипломирала на Економскиот факултет при УКИМ, веќе пет години живее и работи во САД.

Катерина Давиновска одлучи да се самопопише, и покрај чувството на гочина кое го има кон татковината.

„Јас се попишав веќе, искрено прашањата не беа баш јасно формирани. Непотребно некои прашања се искомплицирани, можеби затоа што ние тука сме навикнати се да е поедноставено. Многу луѓе знам што за жал нема да се попишат. Тие што бараат азил, пријавени овде како хомосексуалци, сигурно нема да се попишат. А некои луѓе се толку многу време надвор од таму и немаат никаков интерес, едноставно не сакаат да се попишат. Тие што се со бугарски пасоши исто не сакаат да се замараат.

Мислам дека помеѓу многу од нас е сомнежот дека и тоа е политички договорено. Сметам дека дијаспората е толку разочарана од Македонија, премногу. Не би била дијаспора да не беше така. Многу луѓе сметаат дека и ова е само формалност и дека Македонија е свесна дека никој со бугарски пасош не може да се пише како Македонец. Македонија требаше да мисли на тоа многу порано. Исто за жал многу пријатели имаат добиено деца овде, што се веќе Американци, така што Македонија требаше порано да размисли за тоа колку граѓани изгуби. Јас го направив своето, меѓутоа ако веќе бев национализирана веројатно и мојот случај ќе беше поинаков“, вели Катерина.

Таа се жали дека има и луѓе во дијаспората кои не знаат за пописот, бидејќи никој доволно не се потрудил за да ги информира.

„Македонскиот конзулат во Чикаго е затворен, којзнае од која причина. И не гледам дека некоја друга институција се погрижи да не информира или да формира здружение каде што би останале во контакт со други Македонци. За жал, меѓу нас расположението е такво. Кога се гласаше, нашите гласови не сакаа да ги бројат. Во 5 за 12 не исклучија од играта без разумно образложение, а сега ќе не броеле. За ниедна промена не побараа наш глас, ниту сегашната ниту претходната администрација“, вели Катерина.

Би можело да ве интересира

Дали САД се подготвуваат да го нападнат Иран: Сателитските снимки покажуваат групација на стелт бомбардери Б-2

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) „Ако проектил од подморница летне кон Америка…“: Џеј-Ди Венс и се закани на Данска од воената база на Гренланд

Предраг Петровиќ

Кој е Марк Брновиќ, новиот американски амбасадор во Србија

Предраг Петровиќ

САД го бомбардира Јемен, Хутите му се одмаздуваат на Израел

(ВИДЕО) Малолетници ја пробија вратата на продавницата и украдоа оружје

А1он

Карасин: Русија и САД ги продолжуваат преговорите со меѓународно посредништво