Македонија треба да плати 9.000 евра отштета на девојка која го сменила полот

Од:

Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) во Стразбур пресуди во корист на трансродовото лице „Икс“ кое ја тужеше Македонија поради повреда на правото на приватност и на неефикасен правен лек во земјата.

Судот ја уважи тужбата врз основа на членот осум на Конвенцијата за човекови права што се однесува на повреда на правото на приватност и изрече казна од девет илјади евра нематеријална штета која државата ќе треба да му ги исплати на лицето „Икс“ поради претрпен стрес.

Одбраната на „Икс“ се повикуваше во тужбата и на членот тринаесет кое се однесува не неефикасен правен лек. Овој член беше важен за одбраната поради тоа што отвора јасен пат за измени во законската рамка во Македонија.

Сепак, Судот во својата одлука констатира повреда на членот осум „поради отсуство на регулативна рамка“.

Коалицијата Маргини која го поддржуваше случајот на „Икс“ пред Стразбур оцени дека по оваа пресуда Македонија има обврска да донесе закон кој ќе им овозможи на трансродовите луѓе брза, транспарентна и пристапна постапка за правно признавање на родот.

Ова е прва одлука на Судот во Стразбур за правата на трансродовите лица во Македонија.

Би можело да ве интересира

Пендаровски: Судовите добро да ја проучат пресудата од Стразбур за Јанакиески, потребни се реформи

Александар Тодески

Британскиот премиер: „Мажот е маж, а жената е жена“

Светска банка: Економското вклучување на ЛГБТИ луѓето ќе го зголеми БДП на Северна Македонија и Србија

(ВИДЕО) Трансродова инфлуенсерка ја налути, па ја напушти Америка: Познаваш ли некоја жена што се однесува вака?

ВИДЕО: Над 2.000 луѓе во Грузија нападнаа ЛГБТ поворка

Предраг Петровиќ

Епископот Јаков со одговор до Комисијата за спречување и заштита од дискриминација

Предраг Петровиќ