Македонија треба да им исплати 87 илјади евра на граѓани кои ја тужеле државата пред Стразбур

Од:

Во 2017 година пресудите и одлуките на Европскиот суд за човекови права против Македонија, државата ја чинеле 87.530 евра.

Според информациите кои „Макфакс“ ги доби од Бирото за застапување на Р. Македонија пред Европскиот суд за човекови права, во 2017 година највисоката сума досудена сума за одлука за пријателско спогодување е 9.000 евра и се однесува на предметот Неат Еминов против Македонија, а во врска со правото на живот и правото на ефективен правен лек.

Споредено со 2016 година, кога биле досудени 102.870 евра, лани сумата е нешто пониска. Според податоците на Бирото, за 2017 година, за пријателско спогодување досудени се 23.450 евра. Статистиката покажува дека судовите најмногу повреди направиле на членот 6 од Конвенцијата, која што се однесува на правото на правична постапка.

Од Бирото не доставија податоци за спогодбеното решавање предмети меѓу тужителите и државата, бидејќи преговорите, како што велат, се „од доверлив карактер“.

Владата на речиси секоја седница има поставено точка на дневен ред, на која се разгледува случај за спогодбено решавање на предмет од Стразбур кој се води против државата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Се зголемува бројот на повредени во сударот на два трамваи во Стразбур

Горан Наумовски

Стразбур: Грција прогласена за виновна за систематско одбивање на потенцијални баратели на азил

А1он

Пендаровски: Судовите добро да ја проучат пресудата од Стразбур за Јанакиески, потребни се реформи

Александар Тодески

Прва пресуда од Стразбур за 27 април – Божиновска: Сакам правда, не пари

Анита Петровска Рајковиќ

Судот во Стразбур ќе ја објави одлуката за поништената аболиција на Иванов

Катерина Ѓуровски

Стразбур во февруари ќе соопшти дали важат помилувањата од експретседателот Ѓорѓе Иванов

Кристијан Ландов