Македонија страда од транзициска депресија-1991-2013

Од:

Според податоците околу 200 илјади луѓе во Македонија или десет отсто од населението се депресивни, a состојбата е загрижувачка бидејќи депресијата е најчеста причина за самоубиствата, кои во земјава, исто така се во пораст.

Македонија е на врвот од земјите кои се најпогодени од депресија, покажуваат статистиките. Тешката економска ситуација во државата, беспарицата, стресот, политичките турбуленции – сето тоа предизвика експлозија на депресија кај граѓаните. Секојдневно се случуваат самоубиства и вестите од црна хроника се полни со случаи за луѓе кои си го одзеле живот

Несигурното живеење, работата, комуникацијата со луѓето, нискиот стандард на живот, ако на тоа се додаде и ризикот да се заработи некој денар, сето тоа допринесува да се зголеми депресивноста при што луѓето често бараат излез посегајќи по сопствениот живот.

Експертите од оваа проблематика објаснуваат дека дваесетгодишната транзиција ги умори луѓето. Осиромашувањето, задолжувањето, кај многу луѓе предизвика чувство на страв, бесперспективност, дури и губење на волјата за живот.

Во Македонија не постои национална стратегија за превенција од депресија, но експертите велат и да постои нема да може да ги даде посакуваните резулати кога државата сама своите граѓани ги фрла во депресија. Односно таа е виновникот за ваквата ситуација.

Зголемен број на самоубиства

Самоубиствата на млади лица изминатиот период им ги отвори очите на надлежните, па здравствените власти одлучија да ги бараат депресивните средношколци и студенти. Тие одлучија да најмалку еднаш годишно прават проверка на нивниот ментален статус.

На дополнителна едукација ќе бидат матичните лекари и училишните педагози и психолози кои навреме треба да го препознаат несоодветното однесување на децата. Сите кои имаат проблем ќе добијат и 24 часовен онлајн телефон на клиниката за психијатрија.

Според статистиката на МВР, во минатата година имало 140 самоубиства и 158 обиди за самоубиства. Причина е – растот на невработеноста, сиромаштијата и бесперспективноста кај цели слоеви од населението.

Овие промени и проблеми од економска, политичка и социјална природа – невработеност, стечаи и така натаму, кои настанаа во општеството, често создаваат и кај младата популација чувства на очај и бесперспективност. Кога тие не гледаат никаква перспектива за својот живот, често се случува да оценат дека „овој живот не вреди да се живее“ и креваат рака врз себе.

Меѓутоа, не само младите се погодени со оваа состојба, па според една анализа, во последниве неколку години десетици очајни лица во Македонија, постари од 50 години, фатени во стапицата на сиромаштијата, додека се измачувале да најдат работа, а не можејќи да се пензионираат, биле доведени во ситуација да го побараат излезот од поразителната ситуација – со самоубиство.

Лечење на причините, а не на последиците

Сите мерки што се преземаат од страна на одговорните во општеството е да се санираат последиците од веќе предизвиканата депресија и да се спречи да таа се развива, а ниту една мерка не е насочена кон спречувањето на појава на оваа болест. Дали е тоа така, бидејќи причините се наоѓаат во нашето општество?!

Значи за да се излекуваат граѓаните треба да се излекува болеста во нашето општество, која им ги труе животите. Болеста наречена безизлезност. Болеста наречена бесперспективност. А единственото нешто што може да ја уништи оваа болест е креирањето на подобро општествено тло, а не негувањето на личните интереси на моќниците и поединците, кои се воглавно одговорни за ваквата ситуација.

Дали државата ќе има волја и сила да си ги излекува граѓаните, посебно да ги острани причините кои доведуваат од ваквите болести да страдаат граѓаните?

Автор: Елена Павловска
Авторката е аналитичарка во онлајн магазинот „Револуција“
http://mkrevolucija.com

Би можело да ве интересира

Реален здравствен систем, а не експлодирана ракета на годината-петарда

Ана Ололовска

Погледот на Балканот кон Брисел, а намигнувањето кон Москва не е добра можност

Наум Локоски

Блажески: Солза, лажеш, ти никогаш не би се качила на гајби и буриња, освен ако не мислиш дека тие се мостот до удобна фотеља

Ана Ололовска

Македонските политичари да не се прават Англичани пред Тереза Меј

Ана Ололовска

Врне во душите на македонскиот народ, ама здравството нема да потоне

Ана Ололовска

Азески, време е да се пензионираш, заедно со својот дијалект!

Ана Ололовска