Македонија слави 21 годинa независност

Од:

Република Македонија денеска одбележува 21 годинa од независноста.

На овој ден пред 21 година,  се одржа референдум, на кој убедливи  95% од граѓаните кои излегоа на референдумот, позитивно одговорија на прашањето за самостојна Македонија.

На референдумот му претходеше Декларација за независност што првиот повеќепартиски состав на Собранието на Република Македонија го усвои на 25-ти јануари 1991. година.

Формално, волјата на народот за самостојна држава беше потврдена со Декларација за прифаќање на референдумските резултати на 18-ти септември 1991. во Собранието на Република Македонија.

Државноста на Македонија прва ја призна Република Бугарија, по што следуваа признавања и од Турција, Словенија, Хрватска, Русија, Босна и Херцеговина.

Во 1992. година Македонија воведе своја валута и создаде сопствена армија.

Следната година стана членка на Обединетите нации.

Во 2005. година добивме статус на земја-кандидат за членство во ЕУ, а во 2008. и препорака од ЕK за почеток на пристапните преговори со Унијата, која беше повторена и лани.

Досега 133 држави ја признаа Македонија под уставното име, меѓу кои и три постојани членки на Советот за безбедност – САД, Русија и Kина.

Би можело да ве интересира

Осум продолжени викенди за сите граѓани во 2024

Влада: Мерката за замрзнати цени продолжена до 31 јануари поради празниците

A1on

Петок пред Духовден неработен ден за граѓаните од православна вероисповед

Ана Ололовска

Денот на сесловенските просветители неработен за сите граѓани на Македонија

Ана Ололовска

Националниот ден на Власите, 23 мај – неработен ден за граѓаните припадници на влашката заедница

Ана Ололовска

Првиот ден на Рамазан Бајрам неработен за сите граѓани на Македонија

Ана Ололовска