Македонија – потопена во говор на омраза

Од:

Македонското општество е практично потопено во омраза, беа дел од коментарите на говорниците кои денеска дискутираа на темата „Дискриминација и говор на омраза врз основа на сексуална ориентација и родов идентитет“. На дискусијата која е дел од програмата на „Неделата на гордоста“ говореа претставници од Парламентот, институциите и граѓанските здруженија.

Лилјана Поповска, пратеничката и претседателка на Комисијата за еднакви права и можности во Парламентот, апелираше за толеранција кон секој што е различен, па и во однос на сексуалната ориентација. Сите ние сме луѓе и треба да се почитуваме меѓу себе без разлика на различностите, порача таа, додавајќи дека проблемите со кои се соочуваат како инситутции треба да бидат оспособени да ги решаваат на цивилизиран начин.
lgbt-9cknkjgilj

„Говорот на омраза само ги заострува проблемите и затоа најостро го осудувам“, изјави Поповска, објаснувајќи дека во Македонија луѓето секогаш биле толерантни кон различните во поглед на верата или етничката припадност, и затоа според неа е необично тоа што сега се јавува силна нетолеранција изразена кон лицата од ЛГБТ заедницата.

ЛГБТ центарот во Скопје беше неколку пати напаѓан, а при последниот инцидент на отворањето на „Неделата на гордоста“ беше демолиран со видливо експлицитно насилство. Загрижувачки е дека инцидентите кои досега му се имаат случено на Центарот беа со помал интензитет бидејќи во самиот Центар немаше луѓе, посочи Уранија Пировска претседателка на Хелсиншкиот комитет.

Го заборавивме Јавниот обвинител кој може и само со информација од медиуми да покрене постапка, посочи Пировска, објаснувајќи дека од сите повикувања на насилство и говор на омраза, досега можеле да се поведат многу постапки.

lgbt-tamara

„При кршењето на Центарот за време на протестите обвинителот тоа го третираше како учество во толпа“, изјави Пировска, забележувајќи дека со самото тоа што имало присуство на луѓе во Центарот, нападот бил со намера тие луѓе да бидат повредени.

„Вчера доживеавме тотален молк од сите институции на системот. Тоа значи легитимирање на насилство и легитимирање на злосторства од омраза. Нашето законодавство не може да одговори на потребите и да ги заштити жртвите на злосторствата од омраза“, заклучи таа.

Сексуалната дискриминација и говорот на омраза за жал се почесто се присутни во медиумите, посочија Тамара Чаусидис претседателка на ССНМ и новинарката Кристина Озимец.

Чаусидис истакна дека новинарството во Македонија како критична мисла во јавноста е поразено и мора да се соочиме со тој факт, како и дека истото не е во одбрана на замолчаните и понижените, туку е продолжена рака на силата и ароганцијата на системот.

„Сториите кои се занимаваат со посериозни истражувања на промените во ЛГБТ заедницата скоро и да ги нема“, посочи Озимец и додаде дека сензационалистичките вести кои најчесто се пласираат во медиумите најчесто не се поврзани со реалноста и вистината.

Таа додаде дека новинарите за жал се поретко се нафаќаат за обработка на овие посериозни стории, или пак се обесхрабрени од уредниците како и самата средина во поголем дел од редакциите е прилично хомофобична, па затоа во медуимуте нема простор за ЛГБТ прашањата.

Темјана Поповска

Би можело да ве интересира

Светска банка: Економското вклучување на ЛГБТИ луѓето ќе го зголеми БДП на Северна Македонија и Србија

ВИДЕО: Над 2.000 луѓе во Грузија нападнаа ЛГБТ поворка

Предраг Петровиќ

Епископот Јаков со одговор до Комисијата за спречување и заштита од дискриминација

Предраг Петровиќ

Костадин Костадинов влезе во војна со ЛГБТ организациите: Струмица излепена со „пречкртано виножито“

Орце Костов

Папата: Хомосексуалноста не е кривично дело, сите сме Божји деца

А1он

Англиската црква се извини поради третманот на лицата од ЛГБТ заедницата: Длабоко ни е жал

А1он