Македонија последна во Европа по слободата на медиумите

Од:

Mакедонија и Унгарија остануваат најкритичните земји во Европа според слободата на медиумите. Поради овој податок, Меѓународната партнерска група на организации кои работат на овој проблем кон крајот на минатата година ги скенирала состојбите во овие две држави.

Испитувањето покажало дека во Македонија слободата на медиумите се влошува, додека во Унгарија се бележи извесен напредок.

Претседателот на Здружението на новинари на Македонија, Насер Селмани кој веќе неколку месеци безуспешно се обидува да издејствува декриминализација на клеветата, вели дека Владата нема слух за слободата на медиумите.

Во извештајот се спомнува потребата од декриминализација на клеветата, вклученост на новинарите во изготвување на законот за медиуми кој владата тајно го подготвува, плурализам на мислењата, реформиран јавен сервис, неселективно законодавство.

Меѓународната партнерска група за слобода на медиумите упатила и остри критики за владините реклами, за ланското проширувањето на Советот за радиодифузија, како и за затворањето на А1 Телевизија и трите весници.

Од ЗНМ велат, ние го кажавме своето, а сега чекаат на Владата да ги повика на дебата за конкретните решенија во делот на медиумската слобода.

И во последниот извештај на Фридом Хаус, Македонија бележи пад во слободата на печатените медиуми и се најде на 115-то место, само шест поени пред Северна Кореја.

Јасмина Јакимова

Би можело да ве интересира

Во медиумите во Македонија работат 2.100 луѓе, 20% од редовно вработените се во онлајн медиуми

Орце Костов

ЗНМ: Новинарот Фуркан Салиу да биде пуштен на слобода, а МВР да ја информира јавноста за причините за неговото приведување

Собранието го донесе Законот за медиуми и други закони

Горан Наумовски

ЗНМ: Oсуда за нападот кон колегата Фуркан Салиу од страна на извршителката Весна Јакимовска

Главна цел на измените на Законот за медиуми треба да биде законската регулација на интернет порталите

Ковачевски: Им се извинувам на медиумите, не сакам да се им се случи она што се случуваше до 2016

Орце Костов