Македонија ни е една држава друга немаме да си ја вратиме украдената татковина

Од:

Внатрешниот непријател е поопасен од надворешниот а ние го имаме веќе 10 години и има име, ВМРО-ДРПМНЕ кое не заслужува ни да го носи тоа свето име

Изборна кампања, фрчат слогани од сите страни, се слушаат ратоборни и патриотски песни, знамиња се веат, џагор народен, се како што доликува на една партиска кампања но со огромни разлики. Во едната партиска кампања има присилно носење и големо уценување а во другата народ кој слободно си доаѓа и отворено дава подршка и сака слобода.

Е во 21 век да се доведе ова наше мало државиче на работ на постоење и на работ на сиромаштија. Држава која заради политиките на внатрешниот непријател го исели својот народ и останавме само една мала шака народ , изгубивме интегритет и дигнитет заради нивните срамни криминали кои викаат сеуште не биле докажани па тек ке се докажувале. На лагата и се кратки нозете нели? Сето тоа го говорат без срам и без капка совест и морал.

Никогаш не погледнаа што се случува во демократските и модерни европски држави како за еден кажан збор или една грешка против сопствената држава се даваат оставки и јавни извинувања.Тие што се маваа во гради и велеа дека ја сакаат својата држава и својот народ испаднаа најозогласените криминалци кои сработаа се против тој свој народ и против својата држава , ја доведоа државата до дното а народот го осиромашеа и го затапеа го направија слеп и нем, кој не смее ниту да зборува ниту да размислува со сопствената глава доколку не му дозволи партискиот проповедник.Епа дојде веќе крајот народот се помасовно излегува и се ослободува и се приклучува кон отпорот.

Доживеавме да без пушка водиме револуција во 21 век кога се треба да се решава демократски ние имаме востание против тиранијата се води немилосрдна борба од една страна народотод другата страна тиранинот кој 10 години не тортурира и деградира на секаков можен начин. Од опинци влегоа во скапи одела, куќи, бесни коли и тотален луксуз но прашањето беше со чии пари и се откри со народските тешко заработени пари. Престанаа да го ценат дури и човечкиот живот и животите на новороденчињата на нашата иднина. За нив се тоа пиперки и патлиџани, министерот Тодорофф ниту еднаш не ја протресе својата глава и не стави прст на чело што се случува туку слепо следеше наредбите од најголемиот непријател на државата неговиот сакан пастир Груевски.Затоа се надевам дека наскоро правдата ќе е задоволена и двајцата како имењаци ќе си ја делат заеднички затворската ќелија. Нивните полтрони сеуште го штитат нивното зло 10 години што правеа за да сега Тодорофф ги кажува новите мерки и предлози за реформи во здравството, што правеше досега нели реформираше и дрмаше се, Тодорофф народот во болниците трпи за лекови и медицински помагала дури и за храна.

Направи баба Рада, Иван исцелител институции кои личат на шупи а не на здравствена установа. Да не ти ги набројувам здравствените институции ги знаеш многу убаво кои се тотален хорор а на пример да прозбореше и за болницата Бардовци на што личи и дека директорот си купил за свои потреби џип на име на установата, точно е тоа? Немаме игли и шприцови немае ампуларна терапија и инфузии а бројот на операции опаѓа зошто нема материјал.

Домашните фирми ги поништивте, должите пари во огромни милионски суми, најголемите домашни производители на лекарства ги дотепувате и рекетирате , правиш паралелен увоз за да вашите фармацевтски компании полтрони ве богатат вас , квалитетот се разбира сомнителен или плацебо.Големите домашни производители ќе колабираат заради твоите политики а фирмите дистрибутери ке останат во заборав. Само вашите криминални избраници ќе работаат. Епа мислам дека нема да биде веќе така за кратко време.

Ти со својот фирер се исправи пред народов да бараш да бидеш избран за народен пратеник , не заслужувате ни да постоите камо ли пак да зборувате за некакви си нови реформи или незнам што веќе и во бројките се збунувате не знаете што све имате лажено ама веќе сите ве прочитаа.Вашите робови ко од Египет што секаде ги водите почнаа да намалуваат и се жалат на квалитетот на сендвичите и сладоледите и колачињата може и чај да им делите ама крајот веќе се гледа. Се надевам уште некој ден народот ќе си ја земе државата во свои раце и ќе заживее,ние како чувари на здравјето ќе си ја вршиме професионално нашата работа ама со крената глава а не наведната, мора да се победи овој внатрешен непријател кој не сотре, друга држава немаме освен оваа во која сме се родиле и сме ја граделе и ние и нашите претци а желни сме нашите поколенија да останат тука и да си ја пазат татковината.

Анѓелчо Андоновски

Би можело да ве интересира

Реален здравствен систем, а не експлодирана ракета на годината-петарда

Ана Ололовска

Погледот на Балканот кон Брисел, а намигнувањето кон Москва не е добра можност

Наум Локоски

Блажески: Солза, лажеш, ти никогаш не би се качила на гајби и буриња, освен ако не мислиш дека тие се мостот до удобна фотеља

Ана Ололовска

Македонските политичари да не се прават Англичани пред Тереза Меј

Ана Ололовска

Врне во душите на македонскиот народ, ама здравството нема да потоне

Ана Ололовска

Азески, време е да се пензионираш, заедно со својот дијалект!

Ана Ололовска