Македонија не ги стимулира младите истражувачи

Од:

Ограничени финансиски ресурси, намален број на проекти, недостиг на инфраструктура, ограничен пристап до академски бази на податоци како и недоволно образование за истражувачките практики се само дел од проблемите со кои се соочуваат младите научни истражувачи во Македонија.

Според истражувањата презентирани на конференцијата за „Унапредување на политиките во областа на истражувањата во општесвените науки во РМ“, 75 отсто од испитаните млади истражувачи одговориле дека најголемите пречки во изведувањето на научно истражувачките проекти во општествените науки се недостатокот на финансиски средства, а на ова се надоврзуваат и општата незаинтересиранот како и отуството на квалификуван кадар. grafikon 01

Ако во развиените европски држави младиот истражувачки кадар се стумулира со предмети и курсеви за доустручување за ваков тип на истражувања, практиката во Македонија го покажува спротивното, а со малиот број на високо образовни институции кои не нудат ваков тип на едукација, младите не се стимулираат. Така дури 60 проценти од испитаните одговориле дека учеството на наставата и вежбите воопшто не влијае на нивната научноистражувачка работа.

Д-р Мишо Докмановиќ, еден од двајцата автори на студијата, за А1он вели дека е тешко младите истражувачи да се афирмираат во една институција, а следствено на тоа нивните истражувања не можат да се наметнат како релевантни. Иако во почетните стадиуми на кариерата институцијата е посебно значајна, сепак таа треба да биде и една отскочна даска за понатаму.

„Во голем дел младите истражувачи имаат финансиски рестрикции, бидејќи државата не ги финансира предвидените програми како и можностите да се оди во странство. Поразителен е и фактот дека младите истражувачи во голем дел зависат од странските донатори“, вели тој.

Во Македонија со научноистражувачка дејност се занимаваат високообразовние институциии, МАНУ, јавните и приватни институти како и здруженијата на граѓаните и фондациите. Иако во државата има значителен број на способни и образовани истражувачи, бројот на реализирани проекти е мал.

На ова се надоврзува и фактот дека подолг временски период постои тренд на намалување на финансиите во научноистражувачката дејност кој во моментов е 0.2% од бруто- домашниот производ. Како компарација во Словенија овој процент е 2.11%, а во Бугарија 0.6%, посочува Докмановиќ, порачувајќи дека поразвиените земји повеќе инвестираат, па со самото зголемување на финансиските ресурси ќе се зголеми и бројот на научноистражувачки проекти и инволвираност на младите истражувачи во нив.

Забелешки за намалувањето на финансиските средства има и во извештаите на Европската Комисја, која редовно го нотира ова.

Слаѓан Пенев од Центарот за стратешки истражувања и документација Форум, за А1он вели дека младите истражувачи во Македонија самостојно многу тешко можат да се наметнат како релевантни, а за да успеат во тоа најпрво мора да имаат место во некој од државните или приватните институти или универзитети, да дотуркаат до асистентско место, па да почнат своите идеи да ги наметнуваат.

Милка Ивановска, магистрант на Централно Европскиот Универзитет во Будимпешта смета дека во Македонија младиот истражувач за да се наметне како релевантен треба да учествува во проектите кои ги спроведува граѓанскиот сектор и тинк тенк организациите, затоа што во рамките на високо образовните инситутуции бидејќи и бројот на проекти е значително помал, а капацитетите во овие институции се занемарени и не се унапредуваат.

Како дополнително усложнување на ситуацијата од страна на Министерството за образование и наука е фактот дека се става акцент на научните истражувања за природните, техничките и медицински науки. Па така во 2011 година предвидените средства за општествени истражувања биле за само пет проекти.

Кај младите истражувачи владее општо незадоволство од начниот на кој земјата функционира во рамките на истражувањата во општествените науки како и впечатокот дека кај јавните инситутции и МОН недостасува чувството за потребата од овој вид истражувања. Најголем дел од нив, односно 67% начинот на одлучување го ставаат како главен проблем кој ги спречува да аплицираат на проектите финансирани од МОН.

Марија Мирчевска, програмски координатор на програмата за истражување, анализа и креирање на младински политики при Младински образовен форум истакнува дека недостатокот на информации од страна на официјалните надлежни институции е еден од најголемите проблеми со кои тие се соочуваат за време на истражувањата.

„МОН има ограничен број на информации кои ги пласира на својата веб страна или на било кој друг електронски медиум на кој би ги пласирал своите истражувања и анализи, ако воопшто ги прави. Останува само преку пристап до информации од јавен карактер да бараме некој тип на анализи, истражувања и податоци за одредени политики па така да добиеме повратна информација“, вели таа за А1он.

Над 90 проценти од младите истражувачи истакнале дека пристапот до академските дата бази и меѓународни научни списанија им е потребен како значаен инструмент за работата. Сепак според студијата 55% од нив одговориле дека нивната институција не е претплатена, додека 0% од нив велат дека нивните институции се претплатени на водечките дата бази и списанија од нивната област.

grafikon 04grafikon 03

Пенев вели дека вообичаениот пристап до овие дата бази е од 2000 до 5000 евра годишно, а ова можат да си го дозволат само некои НВО и тинк тенк организации, па затоа останува само можноста за користење на одредени светски дата бази кои се бесплатни, потенцирајќи дека младите истражувачи за да ги користат мора да го владеат англискиот и германскиот јазик, а бидејќи во соседството Србија и Хрватска имаат солидни преводи и самостојни истражувања потребно е и познавање на српски и хрватски јазик.

grafikon 05

Препораките за да се стимулира независниот истражувачки дух кај младите истражувачи се инсистирањето на нивната чесност, научна, интелектуална и истражувачка. И покрај сите пречки тие треба да им служат на фактите, а не на политичките, идеолошки или традиционални начини на истражување.

Ивановска децидно заклучува дека за да се екипираат младите студенти со компетенции за научно истражувачка работа треба за да се промени состојбата со тоа што ќе се подобри инфраструктурата, ќе се овозможат меѓународни бази на списанија и стручна литература, како и дека ќе се унапредат на студиските програми за општествени науки во трите циклуси на образование.

Темјана Поповска

Би можело да ве интересира

МОН: Поради голем интерес до 25 декември може да се аплицира за финансиска поддршка за учениците

Осум важни достигнувања за осум години: Иновации на Бреинстер што го менуваат образованието

Горан Наумовски

Септемвриските плати во основното и средното образование ќе бидат повисоки за 15 oтсто

МОН ветува – ниту еден наставник нема да биде отпуштен, ниту ќе добива помала плата

А1он

Егзодус во Прилеп: 300 деца отпишани од училиште за шест месеци поради селење во странство

Катерина Ѓуровски

Усписите на ученици во средно образование во две пријавувања во јуни

Ана Ололовска