Македонија назадува, нов извештај на „Фридом Хаус“

Од:

Уште еден неповолен извештај на „Фридом Хаус“ за Македонија. Во него земјава се наоѓа во групата полудемократски држави и бележи влошување на состојбите со оценка 3,89 и е најлошо рангирана во регионот.

Во истата група со Македонија остануваат Бугарија Романија,Хрватска, Црна Гора и Србија, додека со просечна оценка 1,89 Словенија е на врвот во регионот.

Зад нас се само Албанија, Босна и Херцеговина и Косово.

Во годинешниот извештајот на „Фридом Хаус“ за земјите во транзиција, се оценуваа стандардите за демократијата во 29 држави. Оценката зависи од нивото на демократија, независноста на медиумите, изборниот процес, централното и општинско владеење, цивилно општество, судството и застапеноста на корупцијата.

Би можело да ве интересира

Филков: Без слободата на медиумите нема вистина, правда и одговорност

АВМУ: Вештачката интелигенција е голем предизвик за професионалните и независни медиуми

„Корупцијата е прифатлива за голем дел од граѓаните, а борбата во таква ситуација е потешка“

Рокас: Корупцијата е голем предизвик за земјата, потребна е забрзана промена за постигнување на реформите

Владата апелира медиумите кои емитувале видео и фото материјали од погребот на жртвите да ги повлечат

Трамп ги затвора радиодифузерите „Гласот на Америка“ и „Радио Слободна Европа“?

A1on