А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Македонија и натаму ги исполнува условите за визна либералзиација

by А1он21/12/2017 - 17:35165
Share0

Потребни се акции во одредени специфично области за зачувување на одржливата имплементација, но Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Србија и натаму ги исполнуваат условите за визна либерализација. Тоа го покажува извештајот на Европската комисија за спроведувањето на обврските од визната либерализација за земјите од Западен Балкан и Источното партнерство.

Добивај вести на вибер

Еврокомесарот за миграција, внатрешни работи и државјанство Димитирс Аврамополос, оцени дека тие се целосно посветени на заштита на визната либерализација за граѓаните на земјите од Западен Балкан и Источното партнерство.

– Обезбедувањето на оваа либерализација доаѓа со обврски, како за граѓаните така и за властите. Ние ги признаваме напорите на земјите за обезбедување на остварениот напредок и дека реформите даваат конкретни резултати, но сепак е потребно натамошна работа. Очекуваме сите држави да ги интензивираат напорите за справување со нерегуланата миграција и спречување на организираниот криминал и корупцијата, изјави Аврамополос.

Според извештајот сите осум земји покажуваат посветеност на исполнување на потребните обврски и преземаат важни напори за спроведување на потребните реформи и императив е овие реформи да бидат одржливи, за земјите да не назадуваат во напредокот.

Потребни се дополнителни напори, во областа на нерегуларната имиграција и реадмисијата, борбата против корупцијата и перењето пари, како и јавниот ред и безбедноста, се вели во извештајот.

Мерките спроведени за справуавње со нерегуларната миграција покажуваат резултати и ефектот е значително намалување на бројот на баратели на азил во земјите членки на ЕУ од овие земји, покажува извештајот на ЕК.

Следниот извештај на ЕК пред Европскиот Парламент и Совет за исполнувањето на визната либерализација е во 2018 година.

Македонија има визна либерализација од декември 2009 година.

EKeumakedonija

Би можело да ве интересира

Директорот ги „шпионира“ вработените во АХВ со камери, ги демне по цел ден во неговата канцеларија

Предраг Петровиќ08/04/2026 - 13:0808/04/2026 - 13:09

Лишени од слобода седум лица, сузбиена организирана криминална група инволвирана во недозволена трговија со дрога

Предраг Петровиќ07/04/2026 - 20:07

Намалена видливост поради магла на патниот правец Лисец – Попова Шапка, во Крушево и на планинскиот превој Плетвар

Предраг Петровиќ01/04/2026 - 18:17

Филипче праќа писма до ЕУ: Мицкоски остварува руски интереси, ја саботира македонската интеграција

Предраг Петровиќ01/04/2026 - 15:2001/04/2026 - 15:26

ЕУ: Не е јасно каква игра игра Украина

Горан Наумовски31/03/2026 - 21:23

Анкета: Младите Срби сакаат влез на земјата во Европската Унија – повеќето граѓани над 60 години се противат

А1он28/03/2026 - 09:21
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто