Македонија на најниското 116-то место по слобода на медиуми

Од:

Слободата на медиумите во Македонија падна за 22 места на листата на органзацијата „Репортери без граници“. Сега од 94 место се најде на 116 место на листата, што претставува најлоша оценка досега.

reporteri-lista
Македонија е една од земјите со најголем пад на слободата на медиумите во однос на минатата година, а пред нас на листата се Чиле, Тонго, Танзанија, Кенија, Замбија, Мозамбик, Кувајт, Того, Нигерија, Катар, Брегот на Слоновата Коска.

Причините кои ја сместија земјава како последна во целиот регион се многу слабиот пристап до информации, намерата „македонскиот парламент да ја легализира цензурата“, а се наведува и физичко и психичко насилство врз новинарите и злоупотребата на рекламите како форма на притисок врз медиумите.

 Судското малтретирање, често базирано на несоодветно законодавство, недостигот од пристап до податоци од јавен интерес, физичкото и психолошкото насилство против оние кои работат во новинарството, јавните и приватни маркетинг сектори се користат како алатка, сивата економија поседува значајни делови од медиумите. Сето ова претставуваат пречки за правото да се пренесат вестите, и правото луѓето да знаат што се случува. Следејќи ги опасните примери од Унгарија и Италија, македонскиот парламент се спрема да ја „легализира цензурата“, континуирано дувајќи топло-ладно кон професијата која често е надвор од воспоставените принципи , стои  во извештајот на Репортери без граници.

 

Во регионот најдобро стои Србија која е на 63. место, веднаш зад неа Хрватска на 64. место, Босна на 68. потоа Грција на 84. позиција, веднаш зад неа Косово, Бугарија 88. место, и Албанија на 102. позиција.

Македонија пред 4 години беше на 34. место на оваа листа, и од тогаш до сега падот е за цели 82 места.

На врвот на листата се скандинавските земји-Финска, Холандија и Норвешка, а полоша позиција од нас имаат 63 земји меѓу кои се Авганистан, Куба, Виетнам Туркменистан, Ирак.

Би можело да ве интересира

Во медиумите во Македонија работат 2.100 луѓе, 20% од редовно вработените се во онлајн медиуми

Орце Костов

Собранието го донесе Законот за медиуми и други закони

Горан Наумовски

Главна цел на измените на Законот за медиуми треба да биде законската регулација на интернет порталите

Ковачевски: Им се извинувам на медиумите, не сакам да се им се случи она што се случуваше до 2016

Орце Костов

Истражување: Над половина медиумски работници имаат потпросечни плати, во онлајн-медиумите секој трет е пријавен со полно работно време

ВМРО ДПМНЕ ќе предложи амандман за ослободување од социјално и здравствено осигурување на медиумските работници

Катерина Ѓуровски