Македонија и Косово ќе соработуваат во екологијата

Од:

Проблемите со воздухот, водите и биодиверзитетот беа главните теми за кои денеска во Скопје разговараа министерот за животна средина и просторно планирање Садула Дураки и неговата колешка од Косово, Албена Решитај.

– Разговаравме за природата и за прогласување на Шар Планина за национален парк. Косово тоа веќе го има, а наскоро ќе биде и кај нас. Се очекува соработка за оваа тема меѓу двете држави. Разговаравме и за проблемите кои се однесуваат на водите, за реката Лепенец и за проблемите со воздухот, изјави министерот Дураки по средбата.

Косовската министерка за животна средина и просторно планирање Решитај нагласи дека ќе дадат се од себе за да ја подобрат животната средина на двете држави.

– Нашата цел, на двете држави, е интеграција во ЕУ и ова ни е прилика за понатаму да ја развиваме нашата соработка и така заедно кон ЕУ. истакна Решитај.

Би можело да ве интересира

Едукативна кампања на Центарот за одржлив развој „Алка“ за зачувување на животната средина

A1on

Државата е еден од најголемите загадувачи: Над 700 институции користат греење со кое го трујат воздухот, најголем дел се во училишта и градинки

A1on

Шукова: Граѓаните да користат суво дрво, 45 отсто од загадувањето доаѓа од домаќинствата

A1on

Чебрен пропадна: Грчката компанија не можела да подигне кредит од банка за да гради

A1on

Воздухот енормно загаден, а пратениците одбиваат амандмани за Буџетот со кои ќе се намали аерозагадувањето

A1on

Трошоците за заштита на животната средина лани изнесувале 7 840 633 000 денари