Македонија ја продава наследената амбасада во Австралија за трипати помала цена од реалната

Од:

Македонија преку амбасадорот во Австралија, Веле Трпевски сака да ја продаде старата наследена амбасада во Канбера, која со делењето на имотот на Југославија и припадна на Македонија.

Но, како што дознава А1он, Трпевски пред неколку месеци повикал проценител кој за објектот проценил сума од еден милион долари, што е три пати помалку од реалната цена која може да се добие во оваа неселба.

Амбасадорот веќе ја кажал својата намера на македонската влада да ја продаде амбасадата и да купи ново место за амбасада, што владата уште пред една година, кога премиер беше Никола Греувски, го прифатила тоа.

Иселениците од Австралија реагираат дали зад малата проценка на вредноста на имотот кој се простира на површина од 1300 метри квадратни во елитната населба “Ред Хил“ се крие некој бизнис?

Ако се погледнат огласите во Австралија за дел од објектите кои се на помалку атрактивни локации, може да се забележи дека мали бараки на еден кат и без речиси дворно место вредат нешто повеќе од половина милион долари.

Дел од иселениците тврдат дека е невозможно амбасадата со големо дворно место во “Ред Хил“ да вреди нешто повеќе од еден милион долари. За ова пишуваа и австралиските медиуми кои го оценија уништувањето на објектот како профитабилен за македонската влада.

„Македонија планира да ја продаде поранешната југословенска амбасада, долгогодишен трн во окото во соседството со цел да им овозможи на програмерите да изградат луксузни куќи“, пишуваа медиумите.

Веле Трпевски за медиумите се правда дека никој не влегол во амбасадата од 2003 година, што не ја намалува цената на објектот и на дворното место.

Македонија ја доби амбасадата во 2011 година, но останала празна. Објектот на некогашната југословенска амбасадата се неоѓа во област каде што нема дипломатски претставништва, а според амбасадорот таа е уништена на покривот и не е употреблива.

Би можело да ве интересира

Во изминатото деноноќие 11 пријави за семејно насилство на територија на државата

Раководителка на штедилница во Кавадарци осомничена за проневери и злоупотреби на парични средства од граѓани

Кузеска: Во ист ден имаме две признанија пред јавноста кој ја донесе Алта банка, обвинителот Савески има обврска да реагира

Предраг Петровиќ

Петрушевски: Филипче и партнерите од СДС треба да одговараат кривично за саботажа на банкарскиот систем во државата

Левица: Извештајот на Европската комисија забележува дека ДПМНЕ подготвува европска престолнина на културата по вмровски рецепт за партиска контрола и нетранспарентно трошење

Шасивари од Будва: Криминалот не смее да се исплати, а незаконски стекнатиот имот не смее да остане кај сторителите