Македонија и денеска во жолта топлотна фаза

Од:

Македонија и денеска ќе биде зафатена со температури кои ја дефинираат жолтата, односно алертна фаза.

Според најавата од Управата за хидрометеоролошки работи денеска ќе биде сончево и многу топло со температура до 37 степени и УВ индекс 9.

Од УХМР ги потсетуваат граѓаните да ги почитуваат општите препораки за населението во однос на заштита од директна сончева изложеност.

Треба да се избегнува подолг престој на отворено во периодот од 11 до 16 часот, да се носи лесна и светла облека, да се консумира лесна храна и течности, да се внимава на хигиената на рацете и начинот на подготовка на храната, а хронично болните лица редовно да ја земаат терапијата.

Би можело да ве интересира

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски

Утре променливо облачно и нестабилно време со пороен дожд и грмежи

Ана Ололовска