Македонија и Бугарија разменија предлози за учебниците по историја за кои ќе се разговара на крајот од март

Од:

На 23-та средба на мешовитата комисија за историски прашања во Софија по два дена дискусија не е донесено решение по однос на толкувањето на историските факти, туку само се разменети забелешки за подобрување на учебниците по историја.

„Вчера и денес се одржа 23 средба на Комисијата на која се дискутираа прашањата за учебниците по историја во двете држави врз основа на меѓусебно разменетите забелешки. Членовите на Комисијата разменија идеи и аргументи како да се подобрат учебниците по историја и разменија неколку предлог-препораки кои остануваат основа за понатамошни разговори“, соопштија од МНР.

Следната редовна средба на Комисијата ќе се одржи на 30 и 31 март 2023 година.

Последниот состанок на комисијата беше на 17 и 18 ноември, исто така во Софија. Главна тема беше улогата и местото на Охридската архиепископија и начинот на кој таа е претставена во учебниците за VII одделение во Република Северна Македонија.

Копретседателот од македонскиот дел на комисијата Драги Ѓоргиев, тогаш изјави дека на средбата имало позитивна и конструктивна атмосфера, меѓутоа договор не бил постигнат поради недоразбирања околу изворите и различното толкување на минатото.

Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања беше формирана како резултат на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Република Северна Македонија и Република, потпишан на 1 август 2017 година.

Би можело да ве интересира

МНР на бугарскиот амбасадор Радуков му упати усен демарш поради употреба на терминот „северно-македонски“

Горан Наумовски

Бугарската министерка за надворешни работи предупредува на застој во евроинтеграцијата на Македонија

Новата министерка за надворешни работи на Бугарија е креаторот на „Францускиот предлог“

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: СДС не нуди решенија, туку борба за власт

Радев најави мерки против инфлацијата и контрола на цените во Бугарија

Горан Наумовски

Автобуска несреќа во Бугарија, има загинати и повредени

Горан Наумовски