Македонија го прославува Денот на народното востание

Од:

Граѓаните на Република Македонија во четврток го слават празникот 11 Октомври – Ден на народното востание.

По тој повод, владини делегации ќе положат цвеќе на спомениците и паметниците на народните херои.

Делегација на Владата на Република Македонија, во состав Владимир Пешевски, заменик на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, Ваљон Сараќини, министер за економија и Билјана Бришкоска Бошковски, заменик министер за правда ќе положи цвеќе на Партизанските гробишта во Бутел и на гробот на генерал Михајло Апостолски.

Друга владина делегација во состав Блерим Беџети, министер за правда, Никола Тодоров, министер за здравство и Драган Недељковиќ, заменик министер за култура ќе положи цвеќе на споменикот на Методија Андонов-Ченто на плоштадот „Македонија” во Скопје.

Цвеќе пред споменикот на Методија Андонов-Ченто, Могилата на непобедените и на Алејата на народните херои во Прилеп, ќе положи владина делегација во состав Миле Јанакиески, министер за транспорт и врски, Зоран Коњановски, заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство и Сафет Незири, заменик министер за образование и наука.

Делегација на Владата, во состав Панче Кралев, министер за образование и наука, Ибрахим Ибрахими, заменик министер за труд и социјална политика и Јовица Андовски, заменик министер за здравство ќе положи цвеќе кај Спомен-костурницата во Куманово.

Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски и официјална делегација на Град Скопје, ќе положи цвеќе пред споменикот на паднатите борци на Градските гробишта во Бутел. Цвеќе ќе биде положено и на гробот на генерал Михајло Апостолски во Бутел.

Настанот ќе го одбележат и повеќе други здруженија, невладини организации, граѓани.

Би можело да ве интересира

Осум продолжени викенди за сите граѓани во 2024

Влада: Мерката за замрзнати цени продолжена до 31 јануари поради празниците

Орце Костов

Петок пред Духовден неработен ден за граѓаните од православна вероисповед

Ана Ололовска

Денот на сесловенските просветители неработен за сите граѓани на Македонија

Ана Ололовска

Националниот ден на Власите, 23 мај – неработен ден за граѓаните припадници на влашката заедница

Ана Ололовска

Првиот ден на Рамазан Бајрам неработен за сите граѓани на Македонија

Ана Ололовска