Македонија го одбележува Денот на македонската револуционерна борба

Од:

Во Република Македонија денеска се одбележува 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба.

На 23 октомври, 1893 година во куќата на Иван Хаџи Николов во Солун, Христо Татарчев, Даме Груев, Петар Поп Арсов, Антон Димитров и Христо Ботанџиев беше формиран Македонскиот револуционерен комитет од кој подоцна произлезе Внатрешно Македонската Револуцонерна Организација (ВМРО) или Внатрешно Македонско-Одринска Револуционерна Организација (ВМОРО). Организацијата се бореше за ослободување на Македонија со сопствени сили, без помош од надвор.

Формирањето на ВМРО значеше почеток на организираното македонско револуционерно движење кое преку Илинден 1903 и Крушевската република, преку НОВ резултира со создавање модерна самостојна македонска држава.

Во рамки на одбележувањето, владина делегација во состав на министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска, министерот за здравство Никола Тодоров, министерот за животна средина и просторно планирање Абдилаќим Адеми и министерот за труд и социјална политика Спиро Ристовски, ќе положи цвеќе пред споменикот на Основачите на Внатрешната македонска револуционерна организација во паркот „Жена Борец“ во Скопје. Цвеќе пред споменикот ќе положи и делегација на Собранието на Република Македонија во состав од пратениците Силвана Бонева, Владанка Авировиќ и Авдија Пепиќ, како и делегација на ВМРО-ДПМНЕ во состав од Владимир Пешевски, Антонио Милошоски, Миле Јанакиевски и Диме Спасов.

Делегација на општина Илинден предводена од градоначалникот Жика Стојановски ќе положи цвеќе пред бистата на споменикот на Васил Стојанов-Аџиларски во населено место Миладиновци.

Во Музејот на македонската борба за државност и самостојност на ликовниот уметник проф. Владимир Георгиевски и на писателот од Скопје Халил Зендели ќе им биде врачена државната награда „23 Октомври“ за 2012 година во областа на културата и уметноста.

Одлуката ја донел Одборот за доделување на наградата под претседателство на академик Владо Камбовски.

Високото државно признание се доделува за долгогодишни остварувања во областа на науката, културата, образованието, заштитата на државните интереси и промоција на државните приоритети, вредности и културно-историско наследство на Република Македонија.

Во рамки на одбележувањето на овој празник во Музејот на македонската борба за државност и самостојност ќе се одржи и промоција на монографското издание на книгата Музеј на македонската борба за државност и самостојност – „Музеј на ВМРО и Музеј на жртвите на комунистичкиот режим“, на македонски и на англиски јазик. Одбележувањето на празникот ќе биде збогатено со отворање на филателистичката изложба „Писма до Македонија“ од колекцијата на Бранислав Светозаревиќ.

Би можело да ве интересира

Осум продолжени викенди за сите граѓани во 2024

Влада: Мерката за замрзнати цени продолжена до 31 јануари поради празниците

Орце Костов

Петок пред Духовден неработен ден за граѓаните од православна вероисповед

Ана Ололовска

Денот на сесловенските просветители неработен за сите граѓани на Македонија

Ана Ололовска

Националниот ден на Власите, 23 мај – неработен ден за граѓаните припадници на влашката заедница

Ана Ололовска

Првиот ден на Рамазан Бајрам неработен за сите граѓани на Македонија

Ана Ололовска