Македонија ги прославува двата Илиндена

Од:

Еден од најважните државни празници во Македонија, Илинден, кој има двојно значение за државотворноста, денеска на три локации во земјава ќе биде свечено одбележан.

Се одбележуваат 110 години од Илинденското востание кое кулминирало со 10 дена Крушевска република и 68 години од Првото заседание на АСНОМ, кое се одржало во манастирот „Св. Прохор Пчински“ во близина на Куманово.

Шефот на државата Ѓорге Иванов ќе го посети Меморијалниот центар во Пелинце крај Куманово, каде ќе има и свое обраќање. Претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, ќе говори пред споменикот на Методија Андонов – Ченто во Скопје, додека премиерот Никола Груевски годинава ќе положи цвеќе и ќе има свое обраќање од Мечкин камен во Крушево.

Според планираниот протокол, собраниска делегација ќе положи цвеќе и на споменикот на АСНОМ во скопскиот парк „Жена борец“, но и пред споменикот на Никола Карев пред парламентот.

По повод одбележувањето на 2 август, денот на Илинденското востание и на Првото заседание на АСНОМ, во Скопје се предвидени низа церемонијални манифестации во чест на одбележувањето на овие национални празници, а поради овие активности, МВР ги информира граѓаните дека на дел од сообраќајниците во централното градско подрачје ќе биде воведен посебен сообраќаен режим.

Во периодот од 9 до 12 часот затворена за сообраќај ќе биде крстосницата од улицата Димитрија Чупоски до улицата Васил Главинов кај „Палома Бјанка“.

Потоа, затворена ќе биде и крстосницата од булеварите „Кочо Рацин“ до улицата 11-ти Октомври, кај зградата на Црвен крст, а сообраќајот нема да се одвива и по крстосницата од улицата Филип Втори до улицата Кеј 13 Ноември, кај хотелот „Холидеј Ин“.

Покрај ова, со почеток од 12 часот на Мечкин Камен – Крушево, ќе се одржи манифестација на која обраќање кон присутните ќе одржи претседателот на Владата, Никола Груевски. По тој повод, МВР апелира до сите граѓани кои имаат желба да присуствуваат на овој настан, да пристигнат до 11 часот, бидејќи од градот Крушево до месноста Мечкин Камен ќе биде спроведен посебен сообраќаен режим.

Би можело да ве интересира

Осум продолжени викенди за сите граѓани во 2024

Влада: Мерката за замрзнати цени продолжена до 31 јануари поради празниците

A1on

Петок пред Духовден неработен ден за граѓаните од православна вероисповед

Ана Ололовска

Денот на сесловенските просветители неработен за сите граѓани на Македонија

Ана Ололовска

Националниот ден на Власите, 23 мај – неработен ден за граѓаните припадници на влашката заедница

Ана Ололовска

Првиот ден на Рамазан Бајрам неработен за сите граѓани на Македонија

Ана Ололовска