А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Македонија ги прославува двата Илиндена

by А1он01/08/2013 - 17:02147
Share0

Еден од најважните државни празници во Македонија, Илинден, кој има двојно значение за државотворноста, утре на три локации во земјава ќе биде свечено одбележан.

Добивај вести на вибер

Утре се одбележуваат 110 години од Илинденското востание кое кулминирало со 10 дена Крушевска република и 68 години од Првото заседание на АСНОМ, кое се одржало во манастирот „Св. Прохор Пчински“ во близина на Куманово.

Утре, шефот на државата Ѓорге Иванов ќе го посети Меморијалниот центар во Пелинце крај Куманово, каде ќе има и свое обраќање. Претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, ќе говори пред споменикот на Методија Андонов – Ченто во Скопје, додека премиерот Никола Груевски годинава ќе положи цвеќе и ќе има свое обраќање од Мечкин камен во Крушево.

Според планираниот протокол, собраниска делегација ќе положи цвеќе и на споменикот на АСНОМ во скопскиот парк „Жена борец“, но и пред споменикот на Никола Карев пред парламентот.

По повод одбележувањето на 2 август, денот на Илинденското востание и на Првото заседание на АСНОМ, утре во Скопје се предвидени низа церемонијални манифестации во чест на одбележувањето на овие национални празници, а поради овие активности, МВР ги информира граѓаните дека на дел од сообраќајниците во централното градско подрачје ќе биде воведен посебен сообраќаен режим.

Во периодот од 9 до 12 часот затворена за сообраќај ќе биде крстосницата од улицата Димитрија Чупоски до улицата Васил Главинов кај „Палома Бјанка“.

Потоа, затворена ќе биде и крстосницата од булеварите „Кочо Рацин“ до улицата 11-ти Октомври, кај зградата на Црвен крст, а сообраќајот нема да се одвива и по крстосницата од улицата Филип Втори до улицата Кеј 13 Ноември, кај хотелот „Холидеј Ин“.

Полицијата ги информира и апелира до граѓаните, поради традиционалната прослава што ќе се одржи во Меморијалниот центар АСНОМ во Пелинце за одбележување на 69-годишнината од одржување на Првото заседание на АСНОМ, која што ќе почне во 11 часот, дека е потребно сите заинтересирани посетители да пристигнат во Меморијалниот центар најдоцна до 10 часот, бидејќи по ова ќе биде воведен посебен сообраќаен и безбедносен режим заради пристигнувањето и сместувањето на ВИП гостите.

Покрај ова, со почеток од 12 часот на Мечкин Камен – Крушево, ќе се одржи манифестација на која обраќање кон присутните ќе одржи претседателот на Владата, Никола Груевски. По тој повод, МВР апелира до сите граѓани кои имаат желба да присуствуваат на овој настан, да пристигнат до 11 часот, бидејќи од градот Крушево до месноста Мечкин Камен ќе биде спроведен посебен сообраќаен режим.

praznici

Би можело да ве интересира

Во 2025 година пет продолжени викенди

Катерина Ѓуровски01/01/2025 - 08:26

Осум продолжени викенди за сите граѓани во 2024

Катерина Ѓуровски30/12/2023 - 16:05

Влада: Мерката за замрзнати цени продолжена до 31 јануари поради празниците

A1on26/12/2023 - 19:58

Петок пред Духовден неработен ден за граѓаните од православна вероисповед

Ана Ололовска31/05/2023 - 09:13

Денот на сесловенските просветители неработен за сите граѓани на Македонија

Ана Ололовска19/05/2023 - 15:57

Националниот ден на Власите, 23 мај – неработен ден за граѓаните припадници на влашката заедница

Ана Ололовска19/05/2023 - 15:52
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен