Македонија и Бугарија потпишаа повеќе договори за соработка

Од:

Претставници на владите на Македонија и на Бугарија во рамки на денешната заедничка седница во Струмица потпишаа неколку спогодби за соработка во повеќе области.

Министрите за одбрана на Македонија и на Бугарија, Радмила Шекеринска и Красимир Каракачанов потпишаа Протокол за соработка во спроведувањето обуки за припадници на АРМ во воентите школи во Бугарија.

Македонија и Бугарија денеска со меморандум ја официјализираа и најавата за намалување на меѓународните тарифи за роаминг во телекомуникациските услуги.

Бугарскиот министер за туризам Николина Ангелкова и македонскиот заменик-минситер за економија Кире Наумов, потпишаа Договор за соработка во туризмот. Договорот, меѓу другото, предвидува интензивна соработка во туризмот, зголемување на меѓусебните туристички посети и заедничко учество на туристички саеми.

Во Струмица беа потпишани и два договора за соработка во енергетскиот сектор.

Агенциите за катастар на двете земји, пак, потпишаа договор за размена на картографски и геодетски материјали и информации.

Би можело да ве интересира

Приведен возачот на камионот што предизвика еден од двата верижни судири во Бугарија

Фон дер Лајен: Безбедноста на Црното Море е безбедност на цела Европа

ВИДЕО: Страотен верижен судар во Бугарија, 12 загинати

Катерина Ѓуровски

Тошковски: Жалам што Бугарија станува заштитник на осомничени и осудени криминалци

Бугарија повторно на удар на лажни дојави за бомби

А1он

Бугарија врати 19 тони македонски јаболка поради зголемено ниво на пестициди